Пишува Наташа Котлар
ФЕВРУРАРСКИ ПОХОД
Чудни работи ли работи, политички групирања, обвинувања, „бомби“ од политичари за политичари, политичко влијание врз судството и уценување, обвинувања или истакнувања заради топорење пред јавноста, небаре ова треба да ни биде единствената работа! Впечаток е дека целава маскарада, не е целата и автентична приказна!
Има овде уште многу, позади сцената, кое не го знаеме или не треба да го знаеме во моментот – чинители, ликови, намери, причини…! Сево ова толку многу ни го одвлекува вниманието, но и сеќавањето кон одредени значајни настани во поновата македонска историја!
Во овој ред e и „Февруарскиот поход“ на македонската ослободителна војска (НОВ и ПОМ), во 1944 г. Раководство на НОВ и ПОМ имајќи го во предвид успехот за време на Германско-бугарска офанзива во областа Меглен и во кожуфско-мариовскиот простор (јануари 1944 г.), донело одлука да се разгори вооружената борба низ целата територија на Македонија.
Во овој настан значајна е активноста на:
Третата група, добила наредба да остане во реонот на Кожуф, со задача да дејствува во Тиквеш и по десниот брег на Вардар јужно од Велес. Успешното изведување на походот (31 јануари–22 февруари 1944г.) претставувало пресвртница на војнички план во полза на единиците на НОВ и ПОМ.
По завршувањето на операциите од Февруарскиот поход, на 27 и 28 февруари 1944 г. во манастирот св. Прохор Пчински било одржано воено-политичко советување на кое била извршена анализа на борбените дејства во текот на походот и на состојба во регионот. Значајно е што особено внимание им било посветено на подготовките за одржување на Првото заседание на АСНОМ (2.8.1944 г.) на кое се поставени темелите на македонската држава.
Затоа е важно да ги одбележуваме овие историски настани!