СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС: ОСМАНИ НЕ МОЖЕ ДА ГО РЕШАВА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ ВО ОДНОСИТЕ СО СОФИЈА ПОРАДИ КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕСИ!

25 јануари 2022 година, Софија, Бугарија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ги смета за неприфатливи изјавите на министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, во вчерашното интервју за Бугарската Телевизија – БТВ, за впишување на Бугарите во Уставот на Македонија и за рехабилитација на Бугари во Македонија поради наводна репресија во времето на поранешна СФР Југославија!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ

бара изземање на министерот Бујар Османи од решавање на македонското прашање, поради конфликт на интереси: Не може Албанец да го решава македонското прашање во односите со Софија! Албанската Влада ги прифати софиските уцени со вето за почеток на преговорите на Тирана со Брисел за членство на Албанија во Европската Унија и во последно читање ги впишаа Бугарите во Законот за националните малцинства. Денес Бугарија води агресивна политика против Македоцните во Албанија, нив ги смета за Бугари, иако во Албанија Бугари нема!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ

укажува дека и во Македонија Бугари нема! За малкумина софиски врховисти и колаборационисти невозможно е впишување на Бугари во Уставот на државата Македонија бидејќи ги нема, знаејќи дека Софија за Бугари ги смета сите Македонци, а Македонскиот јазик го смета за дијалект на Бугарскиот јазик, што претставува софиска агресија врз името, јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, поради софиската неизживеана романса за руската креација Санстефанска Бугарија од 3 март 1878 година! Софиските врховисти и колаборационисти ниту се Илинденци, ниту се партизани за ослободување и обединување на Македонија во Втората светска војна, не се ниту учесници на војната во Македонија 2001 година, за нив Охридскиот рамковен договор не важи, софиските врховисти и колаборационисти не се државотворен народ во Македонија!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ

дека единствен народ во државата Македонија е Македонскиот народ, кој е носител на државноста на Македонија, името на Македонскиот народ е нераскинливо поврзано со името на државата Македонија и обратно, името на државата Македонија е нераскинливо поврзано со името на Македонскиот народ! Сите останати малцински заедници според меѓународното право се национални малцинства!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ

потсетува дека сите граѓани во државата Македонија се еднакви пред Уставот и законите, независно од етничкото потекло, верското уверување, социјалниот статус и општествената положба!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ не спори за репресирани од власта во времето на поранешна СФР Југославија од позиции на српскиот хегемонизам, меѓутоа репресираните кои Белград и просрпската власт во Македонија ги суделе со етикета “ванчомихајловисти“ и “соработници на бугарскиот непријател“ не се репресирани Бугари во Македонија, туку Македонци кои биле и се бореле за суверена и самостојна држава Македонија надвор од поранешна СФР Југославија!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ ја потсетува власта во Македонија, дека односите со сите и со соседите, Македонија мора да ги гради врз основниот принцип на меѓународното право на суверена еднаквост што значи: взамено почитување и разбирање, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи! Што за бугари во Македонија, истото за Македонците во Бугарија!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ бара Софија да ги отвори архивите и полициските досиеја на илјадници и илјадници Македонци најсурово репресирани и убивани од бугарскиот режим поради декларацијата дека се Македонци!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ бара Софија да изврши лустрација за времето на комунизмот во Бугарија, имајќи предвид дека многу соработници на тајните служби се’ уште се во институциите на власта на Бугарија!

Пишува: СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ