СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС: СЕМАКЕДОНСКА ИЛИНДЕНСКА ЧЕСТИТКА!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

СЕМАКЕДОНСКА ИЛИНДЕНСКА ЧЕСТИТКА!

2 август 2020 година, Крушево, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) по повод трите илиндена – Херонеја (338 г.п.н.е.), Крушево (1903 година) и Свети Отец Прохор Пчињски (1944 година) – упатува семакедонска илинденска честитка за Денот на државноста на Македонија до Македонците, по род и државјанство, во сите делови на Македонија, во светот и татковината!

СМК повикува на семакедонско помирување и обединување, заради одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

 укажува дека и покрај сите разлики меѓу нас Македонците, никогаш не смееме да заборавиме, дека и кога сме противници не сме непријатели, и кога различно мислиме не смееме да се мразиме, засекогаш да запамтиме: Само Македонија е нашиот единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот единствен заеднички содржател! Со Македонија постоиме, без Македонија сите заедно ќе не снема! Власта е менлива и минлива, но вечни се народот и државата!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

потсетува дека, за нас Македонците, името на државата се состои само од еден единствен збор – зборот Македонија!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

повторува дека, за нас Македонците, името на државата не е само географија, туку и етнологија и филозофија, идеологија и вера, култура и историја! Името на државата е идентитетот на Македонскиот народ, на нацијата!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

На овој свет ден, СМК ја повикува Владата да огласи раскинување на Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година и за тоа со нота ги извести Владата во Атина и генералниот секретар на Обединетите Нации со нотификација за продолжување на членството во Организцаијата на Обединетите Нации под единственото државно име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка Република, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (Republika Makedonija), туку на англиски јазик (Republic of Macedonia), како јасна разлика од истоимената северна провинција на Грција и југо-западна провинција на Бугарија, со меѓународниот код МК односно МКД, и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки: окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 до денес.

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

Македонците во светот потсетуваат дека прашањето за името на државата е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога Македонците, по род и државјанство, во апсолутно мнозинство, гласаа “ЗА СУВEРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“, без додавки и без придавки! Одлуката на референдумот е задолжителна за сите, без исклучок!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

Македонците во светот потсетуваат дека на референдумот од 30 септември 2018 година, речиси две третини од вкупниот број запишани избирачи не гласаа за членство на Република Македонија во Европската унија и НАТО Алијансата, не гласаа за Спогодбата Димитров-Коѕиас за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

Македонците во светот отфрлаат пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО, поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата и идентитетот на нацијата и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија. Европската Унија и НАТО не се достојни за промена на името на државата, идентитетот на нацијата и македонската историја!

СМК ги окуражува Македонците во татковината и во светот, и покрај се‘ и после се‘, не се предаваме, и натаму ќе се бориме за нашите права и слободи, за Македонија! Била, е и ќе остане само наша Македонија, Илинденското востание било, е и ќе остане само наше Македонско!

Честит Илинден и Денот на државноста на Македонија, за многаја лета и напомош Свети Пророк Илија и Пресвета Богородица!

Извор: Светски Македонски Конгрес