СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС: Во државата Македонија не постои забрана за употреба на именката Македонија и употреба на придавката Македонски/а/о!

ВО ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА НЕ ПОСТОИ ЗАБРАНА ЗА УПОТРЕБА НА ИМЕНКАТА МАКЕДОНИЈА И ПРИДАВКАТА МАКЕДОНСКИ/А/О, НИТУ ЗАБРАНА ЗА УПОТРЕБА НА СЕМАКЕДОНСКОТО ШЕСНАЕСЕТ-ЗРАЧНО ЗЛАТНО-ЖОЛТО СОНЦЕ НА ЦРВЕНА ОСНОВА!

11 февруари 2021 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) за неуставно, незаконско и крајно неодговорно го смета решението на министерот за правда Бојан Маричиќ против регистрација на здруженијата кои во името го имаат зборот Македонија, со образложение дека “термините ‘Македонија’, ‘Република Македонија’, ‘ПЈР Македонија’ и кратенката ‘пјРМ’, во преведена или непреведена форма, не смеат да се употребуваат во целокупната внатрешна и надворешна официјална комуникација од сите“, односно со амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот и Уставниот закон од 12 јануари 2019 година, уставното име на државата не е Македонија и затоа здруженијата во своето име не може да го содржат зборот Македонија!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

потсетува дека во државата Македонија не постои забрана за употреба на именката Македонија и употреба на придавката Македонски/а/о!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

потсетува дека здруженијата и политичките партии не се сопственост или експозитури на државата Македонија, па оттука Владата и министерствата никому не можат да забранат употреба на именката Македонија и придавката Македонски/а/о!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

потсетува дека името на политичката партија чиј министер во Владата е Бојан Маричиќ е “Социјалдемократски сојуз на Македонија“, затоа цинизам е злоупотребата на службената положба и овластување – министерот за правда на други да им ја забранува употребата на името Македонија!

СМК укажува дека во членот 1 став 7 од Спогодбата Димитров-Коѕиас не е содржана забраната од министерот Бојан Маричиќ! Напротив, се вели: “Термините ‘Македонија’, ‘Република Македонија’, ‘ПЈР Македонија’, ‘ПЈР. Македонија’, во преведена или непреведена форма, како и привремената референца ‘поранешна југословенска Република Македонија’ и кратенката ‘пјРМ’ ќе престанат да се употребуваат САМО за обраќање кон Втората страна (државата Македонија) во каков било официјален контекст!“

СМК повторува дека во членот 7 од Спогодбата Димитров-Коѕиас децидно е наведено дека “Термините ‘Македонија’ и ‘македонски’ за Втората страна (државата Македонија) ја означуваат нејзината територија, јазик, народ и нивните одлики, со нивна сопствена историја, култура и наследство кои се различни од елинската цивилизација!“

Македонската цивилизација не е “елинската цивилизација“ на Атина!

Во членот 7 став 5 од Спогодбата Димитров-Коѕиас, пак, се вели “Ниту една одредба од оваа Спогодба нема цел на кој било начин да ја поткопа, измени и да влијае на употребата (на термините ‘Македонија“ и ‘македонски’, н.з.) од страна на граѓаните на двете Страни“! Дополнително, во согласност со членот 7 став 10 алинеја (б) од Спогодбата Димитров-Коѕиас, примената на Спогодбата започнува “при отворањето на секое поглавје во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш“.

Преговорите на државата Македонија со ЕУ поради бугарското вето се’ уште не се започнати!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

СМК повторува дека во Спогодбата Димитров-Коѕиас не постои забрана за употреба ниту на семакедонското шеснаесет-зрачно златно-жолто сонце на црвена основа, освен обврската на марионетската влада во име на државата да не го употребува!

СМК ги повикува сите здруженија и политички партии кои ќе се соочат со ваква и слична забрана од министерот за правда, за употреба на именката Македонија или придавката македонски/а/о.

Во своето име, да поведат управен спор пред Управниот суд и да поднесат кривична пријава против Бојан Маричиќ до Основниот суд во Скопје за злоупотреба на службената положба и овластување и за самовластие!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

СМК ја повикува Владата да го отфрли самовластието на министерот за правда и да престане со велепредавството, злосторството против човештвото и геноцидот врз Македонскиот народ!СМК потсетува дека САМО одлуката на референдумот е задолжителна за сите, особено за Владата, па и за министерот Бојан Маричиќ!

На референдумот одржан на 8 септември 1991 година речиси 80% од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки, одлуката на референдумот е задолжителна за СИТЕ!

На референдумот одржан на 30 септември 2018 година речиси две третини од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, не гласаа “за членство во ЕУ и НАТО“ и не го прифатија Договорот Димитров-Коѕиас за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!

Извор: Тодор Петров

Извор на Слика: Седо Перо