Света Софија

ИЗВОР: СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ЖАЛЕЊЕ ОД ПРЕНАМЕНАТА НА СВЕТА СОФИЈА ВО ИСТАНБУЛ ОД МУЗЕЈ ВО ЏАМИЈА И НАДЕЖ ЗА ВРАЌАЊЕ НА НЕЈЗИНИОТ СТАТУС ОД 1934 ГОДИНА!

10 јули 2020 година, Истанбул Турција – Почитувајќи го и натаму суверенитетот и интегритетот на Република Турција и македонско-турското стратешко партнерство и братство, Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува жалење поради указот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за пренамена на Света Софија во Истанбул од музеј во џамија, откако Високиот административен суд на Република Турција ја поништи одлуката на Советот на министрите од 24 ноември 1934 година за пренамена на Света Софија од џамија во музеј.

И покрај тоа што со претседателскиот указ, Света Софија се предава на турската верска дирекција да овозможи богослужба, Македонците во светот се надеваат дека ќе се врати статусот на Света Софија во музеј, утврден со указот на турскиот претседател Мустафа Кемал Ататурк од 1934 година и со одлуката на УНЕСКО од 1985 година за нејзино прогласување на споменик на светското културно наследство!

Света Софија беше најголемата христијанска црква изградена од Македонскиот Цар Јустинијан I, осветена на 27 декември 537 година, претворена во џамија по османлиското освојување на Цариград во 1453 година, а прогласена за музеј во 1934 година со декрет на турскиот претседател Мустафа Кемал Ататурк со македонско потекло!

Македонците во светот, а само во Турција ги има околу шест милиони, сметаат дека Света Софија како музеј треба да остане историско сведоштво за почитувањето и коегзистенцијата меѓу цивилизациите и трајна вредност на христијанскиот и исламскиот свет!