Св. Кирил и Методиј –
24 мај – Ден на македонските и сесловенските просветители и учители
Денот на сесловенските просветители и учители или Денот на светите солунски браќа Св. Кирил и Методиј е државен македонски празник кој се празнува на 24 мај. Празникот е во чест на Св. Кирил и Св. Методиј, основачите на првата словенска азбука — глаголицата. Денот на македонските светители е прогласен за државен празник од. Во 11 век Црквата го прогласила 24 мај (11 мај по стар стил) за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Денот во Македонија првпат бил одбележан на 11 мај 1860 година во црквата Св. Богородица во Скопје.
На почетокот на IX век била веќе подготвена солидна основа за поширока и поорганизирана мисионерска активност во Македонија. Во тоа време Византиската империја доживува нов расцут на културен план, па овој бран ги заплиснува и градовите што биле оддалечени од Цариград, посебно Солун. Во првите децении на IX век во Солун живее и семејството на високиот службеник на царската власт, помошник на византискиот стратег на Солун и солунската област. Тоа бил Лав со својата сопруга Марија, по народност Македонци. Тие имале повеќе деца, но се спомнуваат само имињата на најстариот – Методиј и најмалиот Константин.
http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx…