Англискиот новинар Ричард Катон Вудвил претстојувал во Македонија за време на Илинденското востание и на 10 октомври 1903 година објавил графика под наслов „Бугарија и Македонското востание,“ во која го претставил бруталното однесување на бугарската војска спрема македонските востаници.
Во описот на графиката се вели:
„Чета востаници уапсена од бугарската редовна војска токму кога тие ја преминуваат бугарско-турската граница.“
Претставена е сцена, каде што чета македонски комити се обидуваат да ја минат границата по разбивањето на Илинденското востание за да се спасат од сигурна смрт.
Тогаш во Македонија имало 250 илјади турски војници и уште 150 илјади нерегуларни сили – тнр. башибозук, кои вршеле невидени злосторства. Бугарија, сходно својата подла и дволична политика кон Македонија, речиси целосно ја запечатила границата и ги запирала македонските востанички чети што сакале да се префрлат.
Бугарските војници се прикажани како ја пресретнуваат македонската чета, ја разоружуваат и заробуваат неколку комити кои успеале да ги фатат. Војниците отвараат оган по останатите комити кои пак се приморани да се вратат назад во Македонија.
Колку била сериозна ситуацијата на границата зборува и фактот дека подрачјето на Серскиот Округ под контрола на Јане Сандански се вклучил со напади врз турската војска за да овозможи да се извлечат и спасат од смрт што повеќе востаници.
Сандански одлучил да дејствува иако бил изричито против предвременото дигање на востанието – на што кумувала Бугарија – и не учествувал во истото со цел да го заштити македонското население од одмазднички напади.
ИЗВОР: Richard Caton Woodville, „Bulgaria and the Macedonian Uprising,“ October 10, 1903.