После долго време, секоја чест на исклучоци, гледам дека македонски научни институции како институтот за македонски јазик, институтот за македонска книжевност, институтот за македонска историја и дури и мојата драга академија (на која сум член, а воопшто не ме бара) се кренаа во одбрана на Македонија. Македонските интелектуалци овој чекор требаше да го преземат малку од поодамна.
Небулозите на бугарската надворешна политика сигуpно го нервираат секој нормален граѓанин на Република Македонија. Политичката определба на научниците не треба да биде пречка за одбpана на Македонија.
Бранењето на Заев и неговата политика на уништување и продажба на Македонија, мора да го осуди секој чесен и слободоумен Македонец. Во тој контекст, ги поздравувам и поддржувам сите дејства на оние вистинските научници кои се борат за Македонија, слободна и независна, ослободена од режимските лидери и да ги обелоденат лагите на оние кои го поддржуваат Заев. Некои од научниците конечно решија да го кажат своето НЕ за асимилаторската бугарска политика, која за жал ја застапува и актуелното раководството на сегашната Македонија.
Борбата мора да продолжи се до конечна победа! Господа Македонци, вистината е на ваша страна. Секоја форма на предавање значи негирање на македонското национално битие. Затоа, издржете во вашата борба, која полека се влече низ двете канцеларии на Брисел и ЕУ. Вашите гласови допираат до оние кои сакаат да ги слушаат. Не сте сами. Во секоја нормална земја на ЕУ имате свои поддржувачи. Нема предавање.
Интелигенцијата треба да се стопи со луѓето и да ги артикулира нивните пораки. Инсистирајте, еве пред некој ден видов дека конечно и хрватските Македонци си дојдоа при себе и реагираа како што треба. Кога се зборува за јазикот, националноста, државноста, историјата, не смее да постои политичка разлика. Се работи за одбрана на Македонија. Ова е последната линија на одбраната. Не смеете да им дозволите да им помине, во спротивно сè ќе оди по ѓаволите!
Nakon poduljeg vremena, čast iznimkama, vidim da se javljaju makedonske znanstvene institucije, Institut za makedonski…
Gepostet von Goran Kalogjera am Mittwoch, 2. Dezember 2020
Извор: Goran Kalogjera