Битка на Ножот

Битката на Ножот – најголемата и најкрвавата битка водена од Македонската револуционерна организација во периодот по Илинденското востание.

Битката се одиграла на 14 јули 1907 година на врвот Ножот, во близината на селото Ракле, Прилепско, а огласот и фотографиите се разнеле ширум светот.

Подготовка

Донесено е решение главнината да се подели на неколку помали чети, кои заземат позиции околу Никодин. Распределбата е на следниов начин: едно одделение од 40 лица зазема позиција над самото село, друго одделение од 100 лица, кое го сочинуваат главниот дел од комитските сили, се распоредува на падините помеѓу село Никодин и село Содржи. Трета единица од 45 лица од Костурската чета (30 луѓе) на чело со Христо Цветков и комити од четите на Михаил Чеков и Мирче Најдов зазема позиција на скалата Ножот над селото, другите две групи (од 8 лица) комити на чело со локалните војводи Секула Ораовдолски и Велко Попадиски се сместуваат под планината Асенова глава каде треба да го чуваат патот меѓу селото Никодин и село Владиловци, последната група се состои од четите на Тане Николов и Петар Ацев, заедно со селската полиција се височината Попадиските чукари.

На 13 јули војводите се собираат на совет. И покрај одлуката на прилепскиот градски окружен комитет четите да се повлечат, војводите одбиваат и се подготвуваат за отпор на турскиот аскер.

Битката

Утрото на 14 јули турски аскер се насочува кон врвот Ножот со цел да го опколи комитите, a друга група турски војници од исток отвара оган во главната команда.

Комитите кои се наоѓаат на Ножот, отвараат оган по турскиот аскер. 18 комити се искачуваат и ги заземаат североисточните падини на самиот врв. Нивната позиција не им дозволува да гледаат што се случува на другите падини. Турските сили почнале да заземаат позиции околу самиот врв и да го обиколуваат.

До пладне пристигнуваат нови турски единици на чело на Енвер бег. Турска чета ги напаѓа другите 18 млади луѓе на североисточните падини, притиснати и од исток од аскер, сите паѓаат убиени, што го отвора патот за силен напад на Ножот.

Со 7 бомби четниците на Ножот се самоубиле. Четата на врв Асенова глава ги одбива нападите од село Смиловци и се повлекува. Четите на Михаил Чеков и Велко Апостолов – Попадиски се повлекуваат од Попадиската река во правец на село Подлес.

Епилог

Вкупниот број на загинатите комити во областа на планината Ножот е 67. Од нив 45 загинуваат на самиот врв, други 10 се убиени во подножјето на планината Асенова глава, 6 лица паѓаат при повлекувањето од врвот, 1 е убиен на Мирчовата ледина, 4 комити се опколени во една плевна – двајцата се убиени, а другите двајца (повредени од претходниот ден) се изгорени живи, еден фатен комита е обесен по два дена во Велес.

По заземањето на Ножот, турците се изживуваат врз загинатите комити, но Енвер бег го запира сето тоа и наредува почесен закоп во чест на храбрите борци. Телата на комитите по негова наредба се закопани во близина на врвот од локалните селани. Поради каменестата почва и недостатокот на земја тие се затрупани со камења и долго потоа делови од телата на комитите се разнасувани низ околината од диви животни и кучиња.