Има еден записник, кој уште пред година дена е составен во Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Тој записник е клучен во истрагата за “Рекет” и “Рекет 2”.
Во овој записник се зборува за лицата кои директно се вклучени во рекетарските шеми – и за Дијамед и за рекетираните бизнисмени.
Човекот што го дал исказот, од осомничен станува сведок.
Е сега, да прашам. Дали овој записник го има составено обвинителот Наум Паноски? Каде е записникот и зошто не е земен во предвид при постапување по овие предмети? Чија вмешаност се прикрива?
Да не мислите дека ако народот не знае, сте завршиле работа. Има и такви кои знаат што правите, пишува на својот Фејсбук профил, главниот и одговорен уредник на Инфомакс, Александар Митовски.
Извор: Инфомакс