ДОСТА НИ Е ОД ВАС!

ДОСТА НИ Е ОД ВАС!

Јован Кукузел

Во говорот на својата инаугурацијата Кенеди рече „прашај што ти можеш да направиш за твојата земја а не што таа за тебе!“.
Македонија во моментов се наоѓа во состојба не само поединците да бараат државата да направи нешто за нив туку и малите и средни бизниси и големите тајкуни и олигарси.
Во Македонија и образовниот систем е килав. Факултетите на кои може да се купат дипломи не креваат луѓе на пиедестал и не ги сместуваат во друштвото на академиците туку само поттикнуваат и охрабруваат секој поединец да си го покаже својот простотилук и мало граѓанство. Алчноста и самодовербата а не мудроста и културата излегуваат на површина како основни мерки на интелегенција. Многу вистински интелектуалци и квази интелектуалци од оние со купени дипломи мигрираат од Македонија во западните држави поради разни причини. Квази интелектуалците од таму почнуваат со мудрување и диктирање за тоа како требало и што требало да се прави во Македонија. Тие истите на кои сега дипломите им служат само за фалба работат разни ниско профилни работи и се фалат дека им било супер. Не бе дечки не ви е супер туку немате друг избор. Заради тоа вие го мразите западот и за да ја лекувате својата фрустрација и носталгија почнувате со мудрување. Причината за мудрување ви е грешна стратегија, грешна! Создавате хистерија и конфузија меѓу Македонците. Што значи ова? Ова значи дека покрај килавите политики кои илегалната влада ги спроведува, вие не излегувате со стратегија и решение како да се надмине таа килава политика туку само викате и урлате и создавате општонароден хаос. Поради вашето урлање и плукање по сите вистинските интелектуалци кои имаат стратегија и решение не можат да дојдат до ушите на народот.


Мнозинството од мигрантите се со бугарски пасоши. Да се потсетиме Бугарија уште од осамостојувањето спроведува кампања дека Македонците се бугари а јазикот бугарски односно дека сме две држави со ист народ и ист јазик, историја итн. и како дел од кампањата им беше и давање бугарски пасоши на македонци без документи само со вербален исказ. Многу од овие иселеници кои се толку многу гласни во плукањето и урлањето кон секого и сите се со бугарски пасоши. Тие всушност свесно или несвесно им ја потврдуваат тезата на Бугарија дека ние сме еден народ во две држави и дека сме творба на коминтерната од 1945 год. Секоја чест на тие кои земале пасош чисто поради егзистенцијални причини но другите, другите заслужуваат жигосување и експонирање по име и презиме за да можат сите Македонци да ги знаат. Премногу херои на стероиди во Македонија. Премногу платени херои се појавија во Македонија. Македонија не пати од дефицит на патриоти туку од суфицит на врховисти, безкичмењаци и алчни души. И замислете многу од овие вторите сега се на челни позиции во македонската политика и ни ја водат државата. Кој им дозволи на овие да седнат на челни позиции? Зарем Македонците се толку без свест да гласаа вакви квази интелектуалци? НЕ! Овие такви какви што се продадени души се продадоа за пари на нео-глобалистите за да им ја одработат валканата работа од внатре за крајната цел да биде „и волкот сит и овците на број!“

Здравството килаво и слабо какво што е исто како и државата уште од осамостојувањето не може да ги поднесе домашните потреби на ова светска пандемија на COVID-19. Не дека Македонија нема стручни лица кои знаат и умеат да се справат со овој предизвик туку досегашните влади од разни причини не успеале или не можеле да вложат во истото. Но во кого би вложиле кога хоштаплерите квази интелектуалци преку партиска послушност секогаш се први на листите кога се зборува за добивање бесплатни државни услуги. Сета среќа сме имале по некој интелегентен човек во досегашните влади и не дозволиле ваквите квази интелектуалци да ги користат државните благодети до максимум. Поради овие сите вистински интелектуалци од Македонија или се иселени и работат за светски реномирани компании или пак седат дома и се во статус кво.
Затоа драги мои Македонци ве молам освестете се и не им обраќајте внимание и не ги гласајте овие квази интелектуалци. Вие сте мудри и можете да ги препознаете вистинските интелектуалци на изборните листи. Затоа гласајте за нив! А вие квази интелектуалци ве молиме веќе да не не браните ниту нас Македонците ниту нашето ИМЕ, чест и достоинство. Ние Македонците знаеме и умееме да се одбраниме себе си сами, без вас! Ве молиме доста создавате хаос и хистерија! Уживајте во парите кои сте ги земале и не се грижете многу за Македонија! Македонија и Македонците сами се способни да се справат со проблемите кои вие ги креиравте! ДОСТА НИ Е ОД ВАС!

КукузелВо говорот на својата инаугурацијата Кенеди рече "прашај што ти можеш да направиш за твојата земја а не што таа…

Gepostet von Павел Шатев am Freitag, 27. März 2020

Во Центар со Васко Ефтов: Кој е вистинскиот пат!?
https://www.youtube.com/watch?v=BJVP0oC2Ehc

https://twitter.com/PavelSatevMKD/status/1243672635025674240