Македонија Мајка на Светот, Факти Пред Кои и Боговите Молчат – Нова Книга и Научен Труд на Д-р. Петар Поповски!
Почитувани пријатели, Вие кои сте љубители на историјата, особено на вистината за Македонија и Македонците. Ве известувам дека излезе од печат мојот научен труд, под наслов: МАКЕДОНИЈА МАЈКА НА СВЕТОТ. ФАКТИ ПРЕД КОИ И БОГОВИТЕ СЕ ПОКЛОНУВААТ.
Студијата е градена врз автентични извори, кои намерно и тенденциозни се криени од страна на западната псевдо-наука и историографија. За приложениот доказен материјал во овој труд не постојат против-аргументи, бидејќи станува збор за материјални сведоштва, за артефакти со натписи на древномакедонски јазик и писмо, од палеолитот (800.000-500.000 г. п.н.е), до неолитот (3000-2000 г. п.н.е.). . Всушност, секаде каде што стапнал Македонецот, на кој и да е континент, оставил свои трајни и неизбришливи траги и материјални сведоштва, регистрирајќи ги двата кода за македонската вистина, името ЗЕТА МАКЕДОНИЈА и името на БОГОТ НА СОНЦЕТО ИЛ (Иле, Илија, Сол, Соле), последните називи според дијалектните особености на одделните македонски племенски групи.
Читајќи го насловот, негаторите на историјата на македонскиот народ ќе ме оквалификуваат како романтичар. Сметам за потребно да истакнам, дека насловот не е моја измислица, дека истата максима е содржана во повеќе научни трудови кај видни научни работници со светски глас. Инаку, насловот го позајмив од една Енциклопедија издадена од Ватикан на почетокот од 17-от век, во која во одредницата за Македонија стои напишано: Македонија е папок и мајка на светот, каде што е родена првата цивилизација во Европа… итн. Инаку, доказниот материјал, кој е содржан во оваа студија, им задава смртоносен удар на сите негатори, фалсификатори, прекројувачи на историјата, на нашите соседи-чакали, и особено на домашните непријатели, предавници и хунташи, немакедонци по род, кои ние, Македонците им допуштивме да владеат со нашсвето исконско ата татковина, со, за нив, туѓа држава и го распродаваат нејзиното име, историја и култура.
Оваа и сите други студии издадени од авторот можат да се најдат во следниве книжарници: МАТИЦА МАКЕДОНСКА, КУЛТУРА и СУПРЕМА во Скопје, ПРОСВЕТА во Охрид и КУЛТУРА во Струмица.