Барање за Помилување на Осудените за Настаните во Собранието од 27 Април 2017 Година

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС И ГРАЃАНСКИ ФОРУМ “ГЛАСОТ НА НАРОДОТ”БАРАЊЕ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ НА ОСУДЕНИТЕ ЗА НАСТАНИТЕ ВО СОБРАНИЕТО ОД 27 АПРИЛ 2017 ГОДИНА

2 април 2020 година, Скопје, Македонија -По иницијатива на голем број Македонци и македонски организации во татковината и светот, Светскиот Македонски Конгрес и Граѓанскиот форум “Гласот на народот” денес поднесоа барање до претседателот на Републиката за помилување на осудените за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година, пред Велигден.

Во барањето се вели: “Ваша Екселенцијо, Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во татковината и светот, најостро ги осудија монструозните обвиненија и драконските казни на осудените за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година.

Врз основа на членот 11 од Законот за помилување, бараме да донесете Одлука за помилување со потполно ослободување од извршување на казната и бришење на обвинението, осудата и казната, на сите осудени од настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година:

1) Вилијам Михајловски, осуден на 14 години затвор, (2) Игор Југ, осуден на 12 години затвор, (3) Јане Ченто, осуден на 15 години затвор, (4) Горанче Ангеловски, осуден на 12 години затвор, (5) Александар Василевски, осуден на 8 години затвор, (6) Младен Додевски, осуден на 12 години затвор, (7) Влатко Трајковски осуден на 15 години затвор, (8) Оливер Поповски, осуден на 13 години затвор, (9) Оливер Радулов, осуден на 10 години затвор, (10) Душко Лазаров, осуден на 15 години затвор, (11) Мунир Пепиќ, осуден на 15 години затвор, (12) Митко Пешов, осуден на 15 години затвор, (13) Митко Чавков, осуден на 18 години затвор, (14) Никола Митревски, осуден на 15 години затвор, (15) Абдуљфета Алими, осуден на 7 години затвор, (16) Николче Димитриевски, осуден на 10 години и 6 месеци затвор, (17) Коста Делов, осуден на 10 години и 6 месеци затвор, (18) Оливер Ошаковски, осуден на 10 години и 6 месеци затвор, и (19) Александар Јаневски Тошта, осуден на 13 години затвор.

Ваша Екселенцијо, мерката помилување којашто ја бараме од Вас не е грев, туку претставува национално помирување! Не заборавајте, дека инволвираните во настаните во Собранието од 27 април 2017 година, беа испровоцирани од флагрантното кршење на Уставот и законите при изборот на претседател на Собранието и пеењето на странска химна во Собранието на Република Македонија, на годишнината од масакрот врз припадници на Вооружените сили на Македонија во војната 2001 година.

Истовремено, Ве потсетуваме дека во војната 2001 година, во која од терористи на ОНА беа убиени околу сто припадници на Вооружените сили на Македонија, власта амнестира воени злосторства, чии извршители денес се во Владата и Собранието на Република Македонија, во државната администрација!

За Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во татковината и светот, неприфатливо е пратениците кои ги отворија вратите за влез на народот во Собранието да бидат помилувани поради велепредавството што го извршија гласајќи за измена на Уставот со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата, а останатите да бидат осудени со драконски казни за “терористичко загрозување на уставниот поредок“.

Независно од разликите во квалификациите за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година, и покрај осудата на секое насилство и агресија, се надеваме дека ќе донесете позитивна одлука во пресрет на големиот христијански празник – Христовото воскресение – Велигден. Благодариме на вниманието,“ – се вели на крајот од барањето доставено во кабинетот на претседателот на Република Македонија.

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС И ГРАЃАНСКИ ФОРУМ “ГЛАСОТ НА НАРОДОТ”БАРАЊЕ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ НА ОСУДЕНИТЕ ЗА НАСТАНИТЕ ВО…

Gepostet von Todor Petrov am Donnerstag, 2. April 2020