“Сшти народ” со овие ниту сме биле, ниту можеме да бидеме.
Македонскиот народ отсекогаш бил против фашизмот и репресијата. Македонскиот народ е народ кој почитува, учи и сака различности.
Ние никогаш не сме биле, ниту ќе бидеме фашисти. Како народ, секако.
Инцидентни и гетоизирани ликови како клапата на Заев, аналфабети за сопствената историја, традиција, политика и афинитети секогаш ќе има. Тоа е таа проста, регресивна, аморфна маса на луѓе кои можат да бидат заведени од секој и секого. Затоа што ништо не знаат за себе, не се осознале доволно па некој како Бојко ќе им биде добредојден да им генерира нов идентитет на тацна, затоа што биле премногу мрзеливи и незаинтересирани да си го осознаат сопствениот.
Смрт на фашизмот!
Пишува уредникот на Инфомакс, Александар Митовски на Фејсбук.