СЕМАКЕДОНСКИТЕ СИМБОЛИ – СОНЦЕТО И ЛАВОТ! Бидејќи повторувањето е мајка на знаењето…

Бидејќи повторувањето е мајка на знаењето…

Пишува Тодор ПЕТРОВ

По предлог и медијација на независниот пратеник Тодор Петров во првиот повеќепартиски парламентарен состав, за договор за знаме и грб на државата Македонија, на седницата одржана на 11 август 1992 година, Собранието со 88 гласа “за“ го донесе Законот за знамето на Република Македонија со кое шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа се утврди за знаме на државата Македонија! Законот за знамето на Република Македонија беше објавен ден подоцна на 12 август 1992 година во “Службен весник на Република Македонија“ број 50/1992, а во сила влезе осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“ на 20 август 1992 година.

СЕМАКЕДОНСКИТЕ СИМБОЛИ – СОНЦЕТО И ЛАВОТ!

Со овој закон престана да се применува знамето на Социјалистичка Република Македонија утврдено со членот 9 од Уставот на Социјалистичка Република Македонија донесен на собраниската седница одржана на 25 февруари 1974 година (“Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 7/1974) – црвено поле со петокрака златно-жолта ѕвезда.

Пред донесувањето на Законот за знамето на Република Македонија на 11 август 1992 година, Уставната комисија на Собранието утврди дека вековни традиционални македонски бои се жолтата и црвената, а вековни традиционални симболи на Македонија се сонцето и лавот, и дека не е грешка било кој од нив да се избере за знаме и грб на државата Македонија!

Во постапката за донесување на новите државни симболи на Македонија како суверена и самостојна држава, пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со останатите пратеници, освен пратеничката група на ПДП, под медијација на независниот пратеник Тодор Петров, постигнаа договор шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце да биде и грб и знаме на државата Македонија!

СЕМАКЕДОНСКИТЕ СИМБОЛИ – СОНЦЕТО И ЛАВОТ!

На седницата одржана на 11 август 1992 година, пратениците го донесоа Законот за знамето со шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа, меѓутоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја откажаа поддршката за законот за грбот, со образложение дека за грб сакаат да биде утврден лавот како земски грб на Македонија и Собранието не го донесе Законот за грбот со шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвен триаголен штит.

Независниот пратеник Тодор Петров, на предлог на Тито Петковски а по идејно решение на Мирослав Грчев, предложи нов Закон за грб со златно-жолт двоопаш лав свртен на десно на црвен триаголен штит, кој беше прифатен од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со останатите пратеници, освен пратеничката група на ПДП, меѓутоа поради расправи по други прашања до крајот на мандатот на првиот повеќепартиски парламентарен состав, лавот не беше утврден за грб на државата Македонија, остана социјалистичкиот грб со ѕвездата петокрака.

Под притисок на Грција, а во согласност со македонско-грчката Привремена согласност од 13 септември 1995 година, вториот пратенички состав на Собранието на Македонија на седницата одржана на 5 октомври 1995 година донесе нов Закон за знамето. Со новото знаме престана да се употребува шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа за знаме на државата Македонија.

Новиот Закон за знамето на Република Македонија беше објавен на 6 октомври 1995 година во “Службен весник на Република Македонија“ број 47/1995, а во сила влезе истиот ден на 6 октомври 1995 година година, со денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“.

СЕМАКЕДОНСКИТЕ СИМБОЛИ – СОНЦЕТО И ЛАВОТ!

Светскиот Македонски Конгрес, како неформален светски парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, на 13 септември 1995 година, дента на склучувањето на македонско-грчката Привремена согласност, со одлука го прогласи шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа за Семакедонски симбол!

Светскиот Македонски Конгрес на 10 август 1996 година, дента на склучувањето на Букурешкиот договор на 10 август 1913 година, за семакедонски симбол го прогласи и златно-жолтиот двоопаш лав на црвен триаголен штит со петкрака круна над главата и штитот!

Со одлука на Светскиот Македонски Конгрес 10 август е прогласен за Ден на семакедонското помирување и обединување!

На предлог на Владата на Никола Груевски, на седницата одржана на 16 ноември 2009 година, Собранието го донесе Законот за грбот на Македонија со кое од грбот на Социјалистичка Република Македонија од 1974 година беше избришана ѕвездата петокрака!

Законот за грбот на Република Македонија беше објавен ден подоцна на 17 ноември 2009 година во “Службен весник на Република Македонија“ број 138/2009, а во сила влезе на 25 ноември 2009 година, осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“.

СЕМАКЕДОНСКИТЕ СИМБОЛИ – СОНЦЕТО И ЛАВОТ!

На 5 декември 2014 година, Владата на Никола Груевски усвои нацрт-закон за нов државен грб на Македонија – црвен лав на златно-жолт штит со мурална златно-жолта круна украсена со бисери и рубини во форма на тврдина во горниот дел, базиран на историските грбови, илустрациите на Верланд од 1481 и грбовникот на Бароад од 1581 кој преку стемографиите на Витезовиќ во 1694 и Жерафовиќ во 1741 станал и земски грб на Македонија. Овој владин нацрт-закон со нацрт-амандманите на Уставот никогаш не беа разгледани од Собранието поради политичката криза во Македонија…

Шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа и земскиот грб на Македонија – златно-жолтиот двоопаш лав на црвен триаголен штит се семакедонски симболи кои ги употребуваат најголемиот број Македонци по род и државјанство, и наод сите делови на Македонија, во светот и татковината, и нивните заедници, здруженија и партии, во секое време и на секое место, пред секого!

Никогаш северна, секогаш Македонија вечна од исконот до бескајот!

Извор: Тодор Петров

СЕМАКЕДОНСКИТЕ СИМБОЛИ – СОНЦЕТО И ЛАВОТ!

Бидејќи повторувањето е мајка на знаењето…

Пишува Тодор ПЕТРОВ

По предлог…

Gepostet von Todor Petrov am Samstag, 15. Mai 2021