СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС: МАКЕДОНЦИТЕ ПО РОД И ДРЖАВЈАНСТВО, НА МИРЕН И ДОСТОИНСТВЕН СЕМАКЕДОНСКИ ПРОТЕСТ ПОБАРАА ПРАВДА И СЛОБОДА ЗА МАКЕДОНИЈА И ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ!

26 април 2021 година, Скопје, Македонија – По повод годишнината од настаните во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година, Македонците во светот и татковината, македонските заедници и организации од Европа, Канада, САД и Австралија, единствени и обединети, вчера во Скопје организираа мирен Семакедонски протест “Демократија во Македонија и слобода за уставобранителите!“

Семакедонскиот протест започна пред Владата а точно на пладне продолжи со марш на повеќе од дваесет илјади Македонци по род и државјанство до Собранието на Македонија. Семакедонскиот протест присуствува родителите, семејствата и роднините на сите неправедно осудени од настаните во Собранието на Македонија од 27 април 2021 година.

На почетокот на Семакедонскиот протест беше интонирана националната химна “Денес над Македонија“ во изведба на маестро Игор Дурловски и Андријана Јаневска, кои заедно ја испеаја и песната “Заветна“, а Андријана Јаневска сама “Песна за Пере Тошев“ и “Своја на своето“. Семакедонскиот протест беше објавена Декларацијата за ослободување на уставобранителите која ја прочита Игор Дурловски, а Поздравно писмо од Македонците во светот прочита Арна Шијак како водител на програмата.

Семакедонскиот протест побара слобода за:

Јане Ченто, осуден на 15 години затвор;

Горанче Ангеловски, осуден на 12 години затвор;

Игор Југ, осуден на 12 години затвор;

Вилијам Михајловски, осуден на 14 години затвор;

Младен Додевски, осуден на 12 години затвор;

Влатко Трајковски осуден на 15 години затвор;

Оливер Поповски, осуден на 13 години затвор;

Оливер Радулов, осуден на 10 години затвор;

Душко Лазаров, осуден на 15 години затвор;

Мунир Пепиќ, осуден на 15 години затвор;

Митко Пешов, осуден на 15 години затвор;

Митко Чавков, осуден на 18 години затвор;

Никола Митревски, осуден на 15 години затвор;

Абдуљфета Алими, осуден на 7 години затвор;

Николче Димитриевски, осуден на 10 години и 6 месеци затвор;

Никола Војминоски, осуден на 13 години и шест месеци затвор;

Андреј Мицов, осуден на 10 години и 6 месеци затвор;

Коста Делов, осуден на 10 години и 6 месеци затвор;

Оливер Ошаковски, осуден на 10 години и 6 месеци затвор;

Александар Јаневски Тошта, осуден на 13 години затвор;

Кире Ѓорѓиевски, осуден на 13 години затвор;

Горан Ѓошевски, осуден на 15 години затвор, и

Дејан Давитковски во азил во Шведска;

осудени на вкупно 292 години и 6 месеци затвор.

Поради велепредавството на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ со Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, поради суспензијата на референдумот од 8 септември 1991 година и референдумот од 30 септември 2018 година, поради криминалот и корупцијата, поради политичката, здравствената и економската криза во Македонија, поради сиромаштијата и емиграцијата, поради мафијата која владее со нашите животи, поради антимакедонизмот во сите сфери, учесниците на Семакедонскиот протест побараа: Распуштање на Собранието и предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори годинава, оставка од Владата и безусловна слобода за уставобранителите од 27 април 2017 година!

“Правда во Македонија“

По повод настаните во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година, Македонците по род и државјанство, во светот и татковината, единствени и обединети, на Семакедонскиот протест “Демократија во Македонија и слобода за уставобранителите“, објавија Декларација која ја прочита Игор Дурловски.Игор Дурловски беше единствен од обвинетите во кој доби ослободителна пресуда. Пораките од Декларацијата се содржани во 5 точки.

(1) Најостро ги осудуваме политички монтираните обвиненија за “терористичко загрозување на уставниот поредок“ и драконските казни на неправедно осудените за настаните во Собранието на Македонија од 27 април 2017 година и бараме нивно безусловно ослободување од натамошно извршување на казната и нејзино бришење!

(2) Бараме Врховниот суд на Македонија да ги поништи пресудите против сите од настаните во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година и да го обнови судењето поради дополнителни докази за лажни изјави на сведоци и селективен избор на докази и сведоци против обвинетите.

(3) Потсетуваме дека инволвираните во настаните во Собранието на Македонија од 27 април 2017 година, беа испровоцирани од флагрантното кршење на Уставот на Македонија, законите и собранискиот деловник при изборот на претседател на Собранието и пеењето на химна на друга држава во Собранието, на годишнината од масакрот кај Вејце врз припадници на Вооружените сили на Македонија во војната 2001 година.

(4) Најостро ги осудуваме пратениците кои ги отворија вратите за влез на народот во Собранието, а за ослободување од обвинението извршија велепредавство: Гласаа за уставните измени за промена на идентитетот на Македонскиот народ и името на државата Македонија, што не беше прифатено на референдумот одржан на 30 септември 2018 година и е во спротивност со референдумот од 8 септември 1991 година.

(5) Бараме праведно судство и независно јавно обвинителство, ослободени од партиски влијанија и притисоци, а не во злосторничко здружение со Владата против човековите права и слободи и правниот поредок на државата. Бараме одговорност за судиите и јавните обвинители кои нестручноста и несовесноста ги прави недостојни за вршење на функцијата

Оваа Декларација ќе се достави до: Претседателот, Собранието и Владата на Македонија; политичките партии, здруженијата на граѓани и верските заедници во Македонија; македонските заедници и организации во светот; Обединетите Нации; Советот на Европа; Европската Унија; НАТО; ОБСЕ; и странските амбасади и мисии во Македонија.

До Семакедонскиот протест беше упатено поздравно писмо од организаторите кое го прочита Арна Шијак.

“Почитувани браќа и сестри Македонци, Македонците од сите делови на Македонија, во целиот свет, Ви упатуваат искрени и братски поздрави, со пораката: Борбата за Македонците и за Македонија продолжува, до конечна победа и слобода! Независно од сите разлики меѓу нас, повикуваме на семакедонско помирување и обединување, за слобода и демократија во Македонија!

Бараме безусловна слобода за уставобранителите од настаните во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година!

Загрижени сме за криминалот и корупција на марионетската Влада на Зоран Заев, загрозените човекови права и нарушената правда во Македонија!

Ја помагаме татковината и сакаме просперитетна и развиена држава, со богати, по род и државјанство – Македонци, кои си ја сакаат државата Македонија!

Македонците од сите делови на Македонија во светот, се неотуѓив и нераскинлив дел од Македонскиот народ! И затоа, заедно сме и денес, со нашите сестри и браќа, да побараме предвремени парламентарни избори со локалните, бараме нова влада која ќе ја врати правдата и довербата, редот и поредокот во државата! Заедно бараме слобода за уставобранителите!

Поради велепредавството на нацијата и државата, бараме оставка на Владата, и раскинување и поништување на сите штетни договори во спротивност со националните интереси на Македонскиот народ и Македонија!

Надвор од границите на Републиката живеат неколку милиони Македонци… Може различно да размислуваме, но сите ние сме деца од иста мајка – МАЈКА МАКЕДОНИЈА!

Останете со здравје и да бидеме единствени и обединети!

Слобода за уставобранителите од 27 април 2017 година!

Слобода за Македонија!

Божји благослов за Вас и за Македонија!

“Правда во Македонија“

“На Семакедонскиот протест беше упатена благодарност до Ниче Димовски за големото знаме со семакедонското шеснаесет-зрачно златно-жолто сонце на црвена основа кое не грееше и на овој протест, покрај прекрасното сончево време.

Од Семакедонскиот протест беше упатена благодарност до сите политички партии и здруженија во Македонија, до сите македонски заедници и организации во светот, за организацијата и учеството на овој импозантен Семакедонски протест, со повик, во времето пред нас, без страв, со срце и душа, да бидеме поорганизирани за пораз на марионетската Влада на Зоран Заев! Но и да предупредиме: Отпорот и борбата ги продолжуваме до прифаќање на барањата од Декларацијата и од овој Семакедонски протест!

Не чека борба за голема победа и слобода на Македонија! Слобода на уставобранителите од 27 април 2017 година!

На Семакедонскиот протест се скандираше

“Никогаш северна, само Македонија!“,

“Македонија!“,

“Слобода за уставобранителите“,

“Правда во Македонија“,

“Демократија во Македонија“,

“Оставка на Владата“!

Семакедонскиот протест помина мирно и достоинствено, со огромна позитивна енергија, без ниту едно навредливо скандирање на верска и етничка основа, и без ниту еден вербален или физички инцидент за цело време на неговото одржување! Семакедонскиот протест учествуваа сите политички партии од парламентарната и вонпарламентарната опозиција, кои и претходно дадоа поддршка, огромен број на здруженија на граѓани, речиси сите групи без партиски знамиња и обележја на здруженијата.Најголемиот број протестанти се придржуваа на протоколите за време на пандемија.

Извор: Тодор Петров