Светскиот Македонски Конгрес (СМК): ЧОВЕК КОЈ СМЕТА ДЕКА ДО 1944 МАКЕДОНЦИТЕ БИЛЕ БУГАРИ, НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ МАКЕДОНСКИ ПРЕТСТАВНИК ВО ОДНОСИТЕ СО БУГАРИЈА ЗА РЕШАВАЊЕ НА ОТВОРЕНИТЕ ПРАШАЊА СО СОФИЈА!

Светскиот Македонски Конгрес (СМК)

2 декември 2020 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ја смета за неприфатлива владината одлука од 1 декември 2020 година. За именување на поранешниот премиер Владо Бучковски за специјален претставник на Македонија за Бугарија, со мандат од една година, заради “заокружување со успех на процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија и создавање атмосфера. За реализација на прашањата од интерес на двете земји опфатени со Договорот за пријателство и добрососедство“!

Светскиот Македонски Конгрес (СМК)

Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, со огорченост ја отфрлаат компилацијата на Владо Бучковски за бугарската ТВ Европа од 30 април 2020 година, драг соговорник во многу бугарски медиуми подолг период, кој на новинарското прашање

“Дали е реално во Скопје да ја прифатат тезата, дека некогаш ние сме биле еден заеднички народ кој се нарекувал бугарски?“

одговара: “Според мое мислење ако се тргне од Договорот за пријателство и добрососедство, официјално ние прифаќаме дека сме имале заедничка историја. И тоа е непобитен факт… Но, тврдењето, дека ние всушност сме еден народ во две држави, во овој момент, во Република Македонија, ако се тера таа теза, ќе направи повеќе штета отколку корист… Јас сум приврзаник на оние кои не сме мнозинство. 1944-та до 91-ва силната пропаганда која беше на дело, ги оддалечи природните сојузници, а тоа се Македонците и Бугарите…

Неспорно е дека ние имаме заедничка историја, дека бугарската нација, бугарскиот народ е создаден пред македонскиот. Неспорно е дека тоа е официјален став и на Бугарија, дека нема проблем и официјална Софија со создавањето на македонската нација од 1944-та година… Историчарите да излезат од рамките на она што беше историографија во времето на комунизмот!… Ние и на денешнава наша дебата овие дијалози ги водиме, условно речено, на бугарски македонски, а се разбираме.“

Ще бъде ли избегнато българско вето върху евроинтеграцията на Скопие? – Vbox7

Светскиот Македонски Конгрес (СМК)

СМК смета дека не може со Бугарија. Во името на Македонскиот народ да преговара човек кој смета дека Македонците и Бугарите. Се еден бугарски народ во две држави. Кој ги повикува членовите на меѓувладината комисија за ревизија на македонската историја. Да се ослободат од историографијата од времето на комунизмот. Кој прифаќа дека Македонците до 1944 година се Бугари, кој се согласува дека Македонците и Бугарите зборуваат ист јазик.

Кој вели дека Македонците и Бугарите имаат заедничка историја (која за Бугарите е само бугарска), па дури и бара почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија, но во овој момент да не се тера тврдењето дека Македонците и Бугарите се еден народ во две држави, туку да се почека некое друго време…

Светскиот Македонски Конгрес (СМК)

СМК смета дека непримерно е за решавање на отворените прашања со Бугарија да биде именуван Владо Бучковски, кој после седумгодишен судски процес во случајот “резервни тенковски делови“ започнат во 2007 година, со правосилна судска одлука од 17 септември 2014 година беше осуден на две години казна затвор, заради четирипати поголема набавка на резервни делови за 93 стари тенкови Т-55 кои беа донација од Бугарија во јуни 1999 година, а завршија во топилница поради некомпатибилност со стандардите на НАТО, иако казната не е издржана поради застареност на кривичното гонење на 22 ноември 2019 година, а буџетот беше оштетен за 2,5 милиони евра.

Светскиот Македонски Конгрес (СМК)

СМК, истовремено, потсетува дека јавното обвинителство воопшто не го отвори прашањето за командна одговорност на Владо Бучковски. Како министер за одбрана во периодот 13 мај – 30 ноември 2001 година. За масакрите врз припадниците на Вооружените сили на Македонија во војната 2001 година, бидејќи по негов предлог.

Во Законот за одбрана донесен од Собранието на 30 мај 2001 година. Претседателот на Републиката (во тоа време Борис Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ) од Врховен командант на Вооружените сили на Македонија. Врз основа на членот 79 став 2 од Уставот, беше дерогиран во “Врховен командант на Армијата“. Во членот 28 став 1 од Законот за одбрана.

Светскиот Македонски Конгрес (СМК)

Во членот 28 став 2 од Законот за одбрана беше утврдено, дека “Командувањето со Армијата, претседателот на Републиката го спроведува преку министерот за одбрана“. Во тоа време Владо Бучковски од СДСМ, што Уставниот суд го укина со одлука од 18 септември 2002 година, со орбазложение:

Со ова овластување на министерот за одбрана се суспендираат уставните надлежности на Претседателот на Републиката. И се нарушува единството на командувањето со Армијата. Кое не може да биде споделено со министерот за одбрана!

Извор: Тодор Петров