Од денешниот протест на Македонците во Швајцарија
Прекинување на сите преговори против македонскиот идентитет, јазик и имеИ покрај сите технички предизвици со кои се соочува организарењето на протести во актуелните познати здравствени услови, Македонците во Швајцарија, продолжуваат со активности насочени во одбраната и промоцијата на македонизмот и Македонија.
Понижувањата, продавањето и негирањето на македонските национални атрибути и вредности од страна на нашите соседи, продолжува и денес во 21 век.
Македонците во борбата за своите правдини секогаш се бореле со достоинство и респект како во Македонија , така и надвор од неа.Така и денес, Македонците во Швајцарија, со горчина и гнев се спротивставуваат на сите неправедни и нелегитимни договори склучени со соседите, од насилно инсталираната северна политичка гарнитура .
Прекинување на преговорите со Бугарија и истовремено поништување на истоимениот договор, како и на Преспанскиот со Грција.Сите склучени договори со соседите и воопшто меѓу државите, ќе бидат валидни и легитимни само во случај кога се применети основните принципи на меѓународното право на еднаква сувереност и взаемно почитување и разбирање, немешање во внатрешните работи како и реципроцитет во меѓусебните односи.
Дел од пораките што беа упатени од Македонците од Швајцарија на денешниот протест во Берн:
« Поништување на договорите со Бугарија и Грција »
« Стоп на македонскиот културен геноцид »
« Никогаш северна, секогаш Македонија «
Протестни писма од денешниот собир како и од неодамнешната реакција на Координативното тело на Македонците во светот , беа предадени на овластените лица до Амбасадата на Република Македонија, Република Бугарија и Швајцарската Конфедерација.
Протестот заврши со евоцирање на спомени од Апелот « Про Маседониа » упатен до цивилизираниот свет, од страна на македонските здруженија во Швајцарија, од јуни 1919 година.
Берн, Casinoplatz, 23 ноември, 2020 година
Од денешниот протест на Македонците во Швајцарија
Прекинување на сите преговори против македонскиот идентитет,…
Gepostet von Dragan Stoilovski am Montag, 23. November 2020