На 18 ноември 1874 е роден Крсте Петков Мисирков во Постол, Егејска Македонија недалеку од античка Македонска престолнина Пела.
Крсте Петков Мисирков македонски филолог,кодификатор на македонскиот литературен, јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво.
Најзначајното дело на Мисирков е книгата „За македонцките работи“. Во петтата статија „Неколку зборој за македонскиот литературен јазик“ тој ја дава теоретската основа за стандардизација на македонскиот јазик.
Носители на македонистичките идеи (самостојна Македонија, самостоен јазик) биле здруженијата формирани од емигранти – во Бугарија, Србија, Грција и Русија.
Крсте Петков Мисирков е и автор на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петербург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот 20 век.
Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на литературни дела и собирање на народни творби.