Невена Георгиева Дуња родена на 25 мај 1925 година, убиена и заклана на 16 декември 1942 година. Загина во судир со бугарската полиција и пробугарските контрачетници, во атарот на нашето село Нежилово, при што и‘ беше отсечена главата и беше носена од пробугарските предавници низ велешките села.
Во летото 1941 година Невена Георгиева е меѓу првите 12 борци кои влегуваат во Првиот скопски партизански одред, кој е формиран на 22 август кај месноста Чифлик во близина на Скопскиот градски парк. Во пресрет на зимата и по почетните порази во пресметките на прилепскиот и кумановските одреди со окупаторот, била донесената одлука за привремено расформирање на одредот на 2 ноември 1941 година, што е извршено кај село Злокуќани.
По одлуката за расформирање, шестмина борци од Скопскиот партизански одред илегално се префрлаат во Велес со намера да се приклучат на Прилепскиот партизански одред. Во групата се: Васил Антевски – Дрен, Благоја Давков, Боро Боцевски, Даме Крапчев, Боро Ончев и Невена Георгиева – Дуња.
Спомен-плоча на Невена Георгиева-Дуња поставена во 2013 година во селото Нежилово
Ние, жителите на село Нежилово, во чест на младата хероина која го положи животот за слободата на нашата Македонија, ја подигаме оваа спомен плоча. Основна Организација на Сојузот на Борците, Велес, 16 декември 2013 година…“
По Заев, од оваа плоча треба да се избришат зборовите „бугарска полиција“ и „пробугарски контрачетници“… Уште останува енигмата, како успеаја во Сојузот на борците да ја проголтат оваа кнедла на СДСМ и со кого воопшто во Втората Светска Војна се бореа? За жал, сите на крајот разочараа… Како и да не постоеле.. Срамота.. Значи, ние, Македонците, македонската историја треба да ја избришеме до 1991 година, а Бугарија ќе си ја слави од дедо Ное, од Татарстан се‘ од Кина и Монголија..