Тиквешкото востание (1913)
–15 Јуни 1913 година започнува првиот бунт против српската власт, кој започнува во Тиквешко и е познато како Тиквешко востание.
Востанието започнува како резултат на обидите на српските власти присилно да го србизират локалното население.
При тоа тие правеле ѕверства врз локалното население. Побуната започнала на 19 јуни 1913 и биле протерани претставниците на српската власт од Кавадарци, а на 22 јуни и од градот Неготино. Биле ослободени околу 50 села во Тиквешијата.
Во Кавадарци била избрана месна управа, на општинската зграда се веело тиквешко револуционерно знаме на ВМОРО. Востаниците избрале Револуционерен штаб и Војводски совет за раководење на Востанието. Бројот на вооружените востаници изнесувал ок. 200 души и заедно со четите на ВМОРО биле над илјада. При задушувањето на Востанието српските воени единици убиле околу 1.200 души, а изгореле околу илјада куќи и дуќани.
ЛИТ.: Револуционерните борби во Тиквешијата. Спомени и материјали, книга 2, Скопје, 2001; Зоран Тодоровски, Тиквешкиот бунт во 1913 година, зб. Тиквешкото востание во 1913 година, Кавадарци, 1993. З. Тод.
Извор: Македонска-Енциклопедија