Бобан Нонковиќ: И ЗА ОБСЕ НЕ ПОСТОИ ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА

Извор: Бобан Нонковиќ

Тенденцијата за игнорирање на постоењето на македонската држава од страна на меѓународните организации и институции не запира, а со цел светот полека да заборави дека постои држава Македонија, додека инсталираната власт во земјата не ја распарчи истата и потоа на преговарачка маса не биде поделена меѓу соседите, како заокружување на Договорот од Букурешт во 1913 година!

По Европската унија и НАТО, организации каде во едната Македонија е земја-кандидат за членство, а во другата од неодамна е рамноправен сојузник, и Организацијата за безбедност и соработка (ОБСЕ) го привикнува светот на исчезнување на македонската држава.

Како што може да се забележи на фотографијата во прилог, но и на овој линк: https://www.osce.org/where-we-are, „ОПЦЕ“ на квислингот Зоран Заев има мисии во Црна Гора, во Молдавија, во Украина, Албанија и други земји, но само мисијата во македонската држава носи назив „Мисија во Скопје“!

Посебна тема на разговор е зошто ОБСЕ (или „ОПЦЕ“ според Заев) е се‘ уште присутно во Македонија, бидејќи земјата како сојузник во НАТО и кандидат за членство во ЕУ, одамна нели не претставува безбедносен ризик (за себе и за регионот), но чудно е како сите досегашни македонски власти дозволиле државата, која е полноправна членка заедно со 56 други држави од Северна Америка, Европа и Азија досега не покренала прашање да биде заведена под нејзиното официјално име Македонија.

Ова посебно што сите одлуки во ОБСЕ се носат со консензус, па Македонија можела и се‘ уште може да ја блокира секоја одлука во оваа организација (на пример, што посебно боли, носењето на годишниот буџет), додека сите останати држави не се согласат македонската држава со нејзиното исконско име не биде заведена во ОБСЕ!
Едноставно, актуелниот македонски амбасадор при ОБСЕ, Игор Џундев, може да ја извести организацијата дека Македонија не дава согласност за ниту една одлука, додека државата не биде заведена со нејзиното име.

Се разбира, причините (а допрва се последиците) се јасни зошто западниот свет и неговите организации игнорираат постоење на македонската држава и истата ја третираат како ничија територија која чека на светска разврска за откако разбојничката квинслишка власт економски, историски и општествено не ја девастира, па потоа лесно да биде укинато нејзиното постоење!

И ЗА ОБСЕ НЕ ПОСТОИ ДРЖАВА МАКЕДОНИЈАТенденцијата за игнорирање на постоењето на македонската држава од страна на…

Gepostet von Boban Nonkovik am Sonntag, 17. Mai 2020