Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права отпочна нова кампања со која бараме од политичарите во Република Македонија да се обврзат дека итно ќе го поништат анти-македонскиот „Преспански Договор“. Секој политичар кој ќе ви тврди дека било „комплицирано“ да се поништи оваа илегална и наметната одредба е или неспособен или соучесник во принудното менување на името, идентитетот и историјата на Македонија и Македонците.
Низ македонските медиуми и социјални мрежи се шират нашите повици со пораката – „Илегален закон не е закон. ‘Преспанскиот договор’ може лесно да се поништи. Барајте тоа да се случи. Политичарите мора да го слушаат народот – ако сакаат да победат“.
ММДЧП ги повикува сите Македонци да ни се придружат и да извршиме притисок врз политичарите за конечно да ја одбраниме Македонија. Барајте да престанат со изнаоѓање изговори. Имаме сила да го поништиме принудното преименување. Ако политичарите не не слушаат, ќе загубат на следните избори. Нашето Име е Македонија. Обединети ќе си го вратиме.
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) aктивно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. ММДЧП бара да се почитуваат македонското име, идентитетот и човековите права на угнетените Македонци низ Балканот. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, instagram.com/MacedonianHumanRights,