21ви Август, 2019 Торонто Канада
Драги браќа и сестри по род ,ген,судбина и убедување.
Се ближи 8 ми Септември , датумот на кој што ние Македонскиот народ ширум светот пред 28 години со огромно мнозинство го изговоривме историското “ ДА “
на слободен и демократски распишан Референдум за Независна и Суверена Република Македонија .
Од тој судбоносен ден поминаа точно 28 години полни со многу настани од судбинска важност за нас како Македонски Државотворен Народ .
28 неизвесни години ние сме сведоци на еден незапирлив процес на постојано губење на државната независност, името, идентитетот, јазикот, историјата , територијата и културата што со иљадалетија не означувала и не дефинирала како Македонци со своја посебност во Европа и светот.
Тој процес на обезличување го доживеа својот неславен врв со доаѓањето
на власт на Зоран Заев , неговата политичка партија СДСМ и нивната
коалиција со ДУИ .
Долга е листата на нивните велепредавства со
нелегално и нелегитимно доаѓање на власт, преку сурово и безпримерно
кршење на уставот , законот и институциите на власт , преку потпишување
на “договори” , “ спогодби” и “ платформи “ со кои македонската
сувереност , историја, јазик и култура им беше понижувачки предавана и
продавана на нашите соседи .
“ Преспанскиот Договор” е вулканот
чија што пепел наполно ја покрива и брише Македонија од историјата и
мапата на Европа и светот.
Направена е една нова , вештачка и
патолошка творба “ Северна Македонија “ без име, без идентитет, без
јазик , без и сторија, без лице, без чест и без достоинство .
Таа
срамна творба Заев и неговите подржувачи се обидуваат да ја наметнат и
дома и во светот со тоа што ,меѓу другото , ќе “слават “28 години од “
Северна Македонија “ низ сите дипломатски претставништва, мисии,
конзулати и институции во светот.
Ние тоа не смееме да го дозволиме
по никоја цена и затоа ве повикуваме во здружен и заеднички ОТПОР и
ПРОТЕСТ против овој понижувачки чин.
Ве повикуваме до каде што ве има низ светот , на 8 Септември да излезете масовно пред сите “ институциите” на таа наметната вештачка творба со што ќе покажете дека не ја признавате , не ја прифаќате и дека ќе работите со сите сили ,заедно со сите нас , да ја обориме таа гнила држава, таа мафијашка власт и да ја вратиме честа и достоинството на Македонија во светот како што историски и прилега !
ПОМНИТЕ и не заборавајте дека молкот не прави соучесници во ова време – невреме, во ова незапамтено историско зло!
ПОМНИТЕ и не заборавајте дека нашето славно минато и крвта и жртвите на
нашите претци не обврзуваат да се дигнеме на величието на името
МАКЕДОНИЈА !
Да им покажеме на домашните велепредавници и нивните белосветски покровители дека:
“ Никогаш нема да дозволиме да живееме во свет во кој што ја нема Македонија!”
“ Никогаш нема да дозволиме да живееме во Македонија во која го нема Македонскиот Народ.”
Дека сме биле и пред тие сите да бидат , и дека ќе бидеме и кога нив ќе ги нема!
“ Ќе Истраеме и ќе Победиме!”
Не постои сила на светот што ќе го победи нашиот Македонску Дух .
На Многаја Лета Славному Народу Македонскому !
Македонска Глобална Координативна Мрежа
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10218220932049468&set=a.10201315550745501 Macedonian Global Coordinating Network