На Фејсбук страната “Слобода на Јане Ченто” се коментираше одлуката на Апелација за укинување на куќниот притвор на Рашковски.
Ова е текстот од објавата на Фејсбук:
“Каква е правдата или поточно неправдата може да видите од две слики.
Рашковски пуштен од ДОМАШЕН ПРИТВОР со гаранција од 192.000 евра.
Јане Ченто со собрана гаранција од 10 фамилии пријатели на Јане, која вкупна вредност изнесуваше повеќе од 500.000 евра остана во притвор во Шутка, односно му беше одбиена гаранцијата за која патем повторувам гарантираа 10 фамилии пријатели на Јане со своите станови и куќи.
Не треба повеќе да се коментира за системот во оваа држава и каква е селективната правда или неправда која се прави врз политичките неистомисленици од оваа влада.”