Изјавата на Радев е лага и клевета и како таква е срамна за сите, а особено за претседателот бидејќи срамот паѓа на сите граѓани, се вели во реакцијата на ОМО “Илинден”-Пирин.
„Нашата партија никогаш не се залагала за некаков сепаратизам. Досега ниту една македонска организација или Македонец во Бугарија не е обвинет, суден или осуден за сепаратистички дејства.
Лагата за наводниот наш сепаратизам се користи за да се оправда систематската дискриминација на која се изложени бугарските граѓани со македонска самосвест, што доведе до 14 пресуди против Бугарија од страна на Судот за човекови права. Во последните 18 години дискриминацијата на Македонците во Бугарија е присутна во сите извештаи на меѓународни институции за човекови права.
Извор ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН