На денешен ден 24.01.1934 година во Софија излезе од печат првиот првиот број на неделното списание за историја, наука, култура и литература „Македонски вести“, чиј сопственик бил Ангел Динев, а главни уредници биле Михаил Сматракалев и Коста Веселинов.
Списанието си постави задача да ја изнесува историјата на македонското ослободително движење и да се бори за македонската кауза, и беше гласило на ВМРО (обединета).
Весникот се печател се до 1936 година, кога бугарската власт го забранила неговото издавање.
На фотографијата е специјален број на весникот од мај 1935 година, посветен на 32-годишнината од смртта на Гоце Делчев.
Ангел Динев во 1938 по повод 35-годишнината од смртта на Гоце Делчев се обидел да го издаде и списанието „Гоцев лист“, но Бугарија го забранила издавањето.