Пишува Горан КАЛОЃЕРА
Поттикнат од дискусиите за тоа дали има или нема македонски малцинства во Бугарија и Грција, не можам да се воздржам и да ги читам тие глупости, кои не водат до ништо.
Секако дека има национално малцинство од Македонци во Бугарија, како и национално малцинство на Македонци во Грција. Фактот што овие земји и нивните режими се поставија да го игнорираат постоењето на македонското малцинство во нивните земји е вистински доказ за нивната експанзионистичка и нетолерантна политика кон едно малцинство во нивните земји, што не е во согласност со проевропските политики што ги заговараат.
Кај нас, во Хрватска, без разлика што мислам за актуелната власт, за малцинствата се води грижа на најдобар можен начин. Тие имаат свои претставници во хрватскиот парламент и се великодушно финансирани од Хрватската држава. Ова добро го знам, на примерот на македонското малцинство во Хрватска. Што не е случај со хрватското малцинство во Македонија.
Малцинствата во другите земји, негувајќи го својот јазик, обичаи, култура и литература, пишувајќи на својот национален јазик, се најдобрата можна врска помеѓу домицилната држава, во случајов Македонија и нејзините сонародници ширум светот.
Негирањето на едно национално малцинство, го земам примерот со Бугарија и Грција, е геноцидна и фашистичка ориентација на тие, ајде да ги наречеме “европски земји“, кон земја која не е членка на Европската Унија.
Исто така, тажно и предавнички е како актуелната власт реагира на прашањето за националните малцинства во земјите со кои имаат политички и геополитички проблеми.
Срамни се потезите и односот на македонската политичка елита која не застанува во одбрана на своето малцинство. Во овој контекст, излегува дека најжестоките поборници за македонската независност се претежно луѓе од дијаспората. Прочитајте ги романите и есеите на Божин Павловски (Миладин од Кина, Црвен Хипократ, Западна Ауст, Австралија, Австралија) и ќе видите како реагираат и размислуваат Македонците во светот и колку е тежок овој печалбарски живот. Македонците не живеат и постојат само во Македонија, туку во целиот свет и се борат за своите права, но и за правната држава, која денес несреќно (се продава) се нарекува ‘Северна Македонија’. Малцинствата се важни, не треба да се занемаруваат, туку да се прифатат во рамките на матичната држава. Се’ друго е обична лага и предавство на националните интереси.
(Горан Калоѓера е хрватски славист и македонист, редовен професор по македонистика и кроатистика на Универзитетот во Риека, Хрватска, член на МАНУ)