СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС: ИТНО И БЕЗУСЛОВНО ЕДНОСТРАНО РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗАЕВ-БОРИСОВ ОД 1 АВГУСТ 2017 ГОДИНА ПОРАДИ НЕГОВА ПОГРЕШНА ПРИМЕНА, СО ФЛАГРАНТНО КРШЕЊЕ НА ДОМАШНОТО И НА МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО!

ЕДИНСТВЕН СПАС ОД ФАШИСТИЧКАТА РЕТОРИКА И СПЕЦИЈАЛНАТА ВОЈНА НА СОФИЈА ВРЗ МАКЕДОНИЈА, Е ИТНО И БЕЗУСЛОВНО ЕДНОСТРАНО РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗАЕВ-БОРИСОВ ОД 1 АВГУСТ 2017 ГОДИНА ПОРАДИ НЕГОВА ПОГРЕШНА ПРИМЕНА, СО ФЛАГРАНТНО КРШЕЊЕ НА ДОМАШНОТО И НА МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО!

16 јануари 2022 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува изјавата на бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за бугарската телевизија БТВ, дека во Бугарија не постојат Македонци и за тоа прашање не може да се разговара, иако не изненадува оваа фашистичка реторика во согласност со заклучоците на Советот за безбедност на Бугарија од 10 јануари 2022 година, на кој се потврдени “Рамковната позиција за почеток на преговорите на Македонија и Албанија со Европската Унија“ усвоена од бугарската Влада на 9 октомври 2019 година и потврдена со Парламентарна декларација на 10 октомври 2019 година.

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ја признава бугарската нација како политичка нација со културна идентификација во чија основа е македонскиот етнос, иако во Бугарија има се’, само етнички Бугари речиси не’, чија државност почнува од 1878 година како руска инсталација со Санстефанскиот мировен договор од 3 март 1878 година после Руско-Турската војна 1877/1878 година, со инородни суверени од западни династии!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

бара итно и безусловно еднострано раскинување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година со изјава на претседателот или премиерот поради флагрантно кршење на домашното и на меѓународното право!

СМК ја повторува иницијативата за историско македонско-бугарско помирување и Договор за траен мир и доборососедство меѓу Македонија и Бугарија, но врз основниот принцип на меѓународното право на суверена еднаквост што значи: взаемно разбирање и почитување, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи! Што за буагри во Македонија, истото за Македонците во Бугарија!

Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, и покрај историските хипотеки од Балканските војни 1912-1913 година, макар и еднострано, декларираат дека: Културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации!

СМК преферира македонско-бугарски разговори и договори за прашањата од заеднички интерес во областа на економијата, културата, инфраструктурата, евроинтеграцијата и историјата.

СМК отфрла македонско-бугарски разгвори за:

(1) Постоењето на Македонскиот народ како веќе апсолвирано универзално право на самоопределување и самоидентификација,

(2) Македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот јазик, и

(3) Македонско-бугарска заедничка историја која за Софија е бугарска

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

укажува дека Македонија има обврска за грижа за положбата и правата на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија и во цела Бугарија, како неотуѓив и нераскинлив дел од Македонскиот народ, и бара Бугарија да ги спроведе 16-те одлуки на Европскиот суд за човекови права од Брисел за правата и слободите на Македонците во Бугарија, доколку сака добрососедски односи со државата Македонија!

СМК очекува исклучување на Бугарија од Советот на Европа, поради непочитување на одлуките на Европскиот суд за човекови права за правата и слободите на Македонците во Бугарија!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

со индигнација ги отфрла заканите на Софија со вето за почеток на преговорите за пристапување на државата Македонија во сојуз со Европската Унија, доколку Владата во Скопје не ги прифати директивите од “Рамковната позиција за почеток на преговорите на Македонија и Албанија со Европската Унија“ усвоена од бугарската Влада на 9 октомври 2019 година и потврдена со Парламентарна декларација на 10 октомври 2019 година:

(1) Македонскиот народ до 1944 година е дел од Бугарскиот народ,

(2) Македонскиот јазик е дијалект на Бугарскиот јазик,

(3) Не постои бугарска фашистичка окупација врз Македонија во Втората светска војна,

(4) Не постои македонско национално малцинство во Бугарија,

(5) Македонија да ги инкорпорира Бугарите во Уставот на државата, и

(6) Македонско-бугарска заедничка историја значи Македонија и Македонците до 1944 година се дел од бугарската историја!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

смета дека малкумината софиски врховисти и колаборационисти во не можат да бидат основа за впишување на “Бугари“ во Уставот на државата Македонија! Во Македонија етнички Бугари нема, освен бугарски државјани приватно или службено во бугарската амбасада во Скопје!

СМК уште еднаш повторува дека македонските државјани со бугарски пасоши не се основа за бугарско етничко малцинство во државата Македонија! Нив по етничка основа нека си ги брои Владата во Софија во вкупното население на Бугарија, но тие во Република Македонија се Македонци, само Македонци и ништо друго освен Македонци од векови за навек!

Извор: Светски Македонски Конгрес