76 ГОДИШНИНА ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ПРВАТА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА ВО БИТОЛА

СОЈУЗ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ И ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА – МАКЕДОН

17 ноември 2020 година, Битола, Македонија –

По повод 76 годишнината од формирањето на Првата Егејска Македонска ударна бригада на 18 ноември 1944 година во Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН утре на 18 ноември 2020 година во 11 часот го организира традиционалното полагање свежо цвеќе на спомен-плочата на чешмата до Пожарната во општина Битола.

На спомен-плочата на чешмата до Пожарната, свежо цвеќе ќе положат делегации на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН.

Поздравен говор на одбележувањето на 76 годишнината од формирањето на Првата Егејска Македонска ударна бригада ќе има претседателот на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, Александар Јаневски.

Формирањето на Првата Егејска Mакедонска Ударна Бригада на 18 ноември 1944 година е значаен настан во поновата историја на Македонија, затоа што нејзините борци се пресметаа со балистите во Западна Македонија, соработници на италијанските, бугарските и германските фашистички окупатори.

Извор: Тодор Петров