Масакрот кај Вејце — најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Македонија. 19 години од Масакрот кој се случи на 28 април 2001 година во 17:45 часот откако од заседа и ѕверски беа убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“. Покрај осуммина убиени, имаше и шестмина повредени. При нападот, од колоната успеало да се извлече последното возило и да јави за невидениот масакр.
Иако нападнати од заседа и во безизлезна правлива кривина, на планинскиот пат помеѓу селата Селце и Вејце – тетовско, војниците и полицајците даваа получасовен отпор, бранејќи го суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија. 19 години од Масакрот Вејце останува во колективната меморија на Македонците како место на беспримерно злосторство, симбол на можеби најстрашното од мноштвото предавства со кои е исполнета македонската историја, најголем пораз на државните институции од група терористи и бандити, зашто до денес не се оформи, а камоли да се заокружи некаква судска разврска и некој да биде земен на одговорност.
Загинатите се:
Роберт Петковски († 27) ─ од скопско Бунарџик
Игор Костески († 26) ─ од Кисела Вода
Миле Јаневски († 30) ─ од Македонска Каменица
Бобан Трајковски († 28) ─ од Куманово
Марјан Божиновски († 27) ─ од битолско Горно Оризари
Илче Стојановски († 24) ─ од битолско Породин
Бошко Најдовски († 25) ─ од битолско Долно Оризари
Кире Костадиновски († 24) ─ од битолско Горно Оризари