Извор: Љубомир Цуцуловски
ЧИЈ ЈАЗИК Е… Ханс Лотар Штепан беше и сѐ уште е (макар физички почина 2011 година) еден од ретките амбасадори во Република Македонија, кои целосно (во секој поглед) стоеја на нејзина страна – на страната на македонскиот народ, македонската држава, македонското име и историја.
Со сета научна скрупулозност ја напиша книгата „Македонскиот јазол“, која ретко кој Македонец ја поседува и која ретко кога се преиздава – барем колку што знам. Напишана е со полно срце, ум и научно знаење. Денес, кога ги славиме Кирил и Методиј, ред е да се спомне и овој човек.
Дел од неговите размислувања можете да чуете во интервјуто од 2008 година. Вреди да се погледа и чуе, бидејќи има нешто многу човечко во себе.