Цитати од и за Македонскиот Револуционер Гоце Делчев

„Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.“ / „Освобождението на Македония лежи в вътрешното въстание. Който мисли другояче да се освободи Македония, той и себе си лъже, и другите.“ – Цитат од писмо на Гоце Делчев до Ефрем Каранов од 17 октомври 1895 година,

„Оној што копнее, што работи да ја присоедини кон Бугарија или кон Грција, тој може да се мисли за добар Бугарин и ли за добар Грк, но не и добар Македонец. Таквиот Бугарин или Грк го поддржува и вечниот раздор меѓу балканските народи, кои треба да живеат во братска дружба за да бидат пресреќни. Македонија им припаѓа на сите Македонци, без разлика на религијата, нацијата и јазиците, во утрешна слободна Македонија и преку неа ќе се здружат сите балкански народи“ – Говор на Гоце Делчев во Преспа во есента 1901 година од романот на Димитар Талев „Илинден“.

„…Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има и народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија…“ – писмо до Даме Груев.

„Едвај ли има народ кој толку многу е страдал од своите синови изроди, колку македонскиот!“ („Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот“, цитат според „Предавствата и атентатите во македонската историја“, Н. Жежов и В. Ачкоска) / „Надали има народъ, който толкова много да е търпѣлъ отъ своитѣ синове изроди, колкото македонския!“ – Писмо (втора страница) од Гоце Делчев до Никола Малешевски од 1897 година.

ВМРО