Тодор Петров: ТИЕ ШТО КОЛЕНИЧЕА ПРЕД МОСКВА 150 ГОДИНИ, ДА ВЕ ОБВИНУВААТ ДЕКА СТЕ ПОД РУСКО ВЛИЈАНИЕ Е МЕНТАЛНА ДИЈАГНОЗА

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Вечна неизживеана романса на Софија е Санстефанска Бугарија, како хегемонистичка идеја за туѓи и други интереси за свои сфери на влијание на овие простори. Голема или Санстефанска Бугарија е креација на Царството Русија со Санстефанскиот мировен договор од 3 март 1878 година.

Куса предисторија:

Во 1877 година избувнува војна меѓу Руското Царство и Отоманската Империја една од многуте војни меѓу нив пред неа. Таа војна трае две години 1877-1878 година. Завршува со Мировен договор, победува Русија, Турција прифатила се’ што Москва и’ издиктирала. На 3 март 1878 година во селото Сан Стефано близу до Истанбул, бил потпишан Мировен договор. Со Санстефанскиот мировен договор биле договорени нови граници на Балканот. Бугарија ја добила цела Македонија, Одринска Тракија, дел од денешна Србија (Пирот, Врање) и дел од денешна Албанија (Корча)… Денес, тој романтизам, кој и тогаш бил само илузија. Бугарите го одбележуваат секоја година:

Трети март е прогласен за Бугарски национален празник, како носталгија за пропуштената историска шанса Македонија да биде дел од Бугарија.

Ете, затоа за Софија, Македонија и ден денес е вечна неизживеана романса… Санстефанскиот мировен договор. Никогаш не се реализирал

траел само три месеци на хартија од неговото потпишување на 3 март до 13 јуни 1878 година!

Незадоволни од новите граници по Руско-Османлиската војна и од содржината на Санстефанскиот мировен договор.

Под закана со нова војна, Австро-Унгарија, Британија и Франција свикале нова меѓународна конференција.

Од 13 јуни до 13 јули 1878 година, позната како Берлински Конгрес. Одржан во Берлин, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк.

Руското Царство и Отоманската Империја, исцрпени од претходната меѓусебна војна, го прифатиле неговото одржување. Конгресот извршил ревизија на Санстефанскиот мировен договор со цел да се спречи руското влијание на Балканот. Особено излезот на Русија преку Бугарија и Македонија на Егејското Море до Солун и Кавала, оттаму во Медитеранот.

Претходно, Русија и Британија на 30 мај 1878 година склучиле Руско-Британски договор, со кој територијата на Бугарија е намалена за трипати од предвидената во Санстефанскиот мировен договор: Било решено Бугарија да се простира на територијата која се наоѓа северно од Стара Планина (тоа е северниот дел на денешна Република Бугарија, м.з.).

Со Берлинскиот договор:

(1) Македонија и Одринска Тракија биле вратени во владение на Отоманската Империја,

(2) Источна Румелија потпаднала под отоманска власт со статус автономна област,

(3) Србија, Црна Гора и Романија добиле независност,

(4) Бугарија добила статус на вазално кнежевство во рамките на Отоманската Империја,

(5) Кипар и’ бил даден на Велика Британија, а

(6) Босна и Херцеговина и’ била дадена на Австро-Унгарија… Берлинскиот конгрес ревидирал, односно избришал 18 од 29 одредби на Санстефанскиот мировен договор.

Незадоволните страни, со време, испровоцирале нови тензии, кои подоцна кулминирале со Балканските војни 1912-1913 година и Првата Светска Војна 1914-1918 година…

Со членот 23 од Берлинскиот договор, Македонија требала да добие свој Статут, односно Устав, со посебен државно-правен статус како оној на Крит, во рамките на Отоманската Империја, со свој гувернер и главен командант кому би била доверена командата на војската во Македонија. Со членот 23 од Берлинскиот договор, Македонија де факто се конституира како автономна област во своите геополитички и етнички граници во рамките на Отоманската Империја…

Иако Санстефанскиот мировен договор “живеел“ само три месеци на хартија, без практична реализација, тој во Бугарија создал фикција за Голема Бугарија, која иако никогаш не се реализирала, до денес е главен мотив за големобугарските хегемонистички амбиции, територијални претензии и нестабилност на Балканот… Бугарија на таа основа врши специјална војна и агресија по сите основи врз Македонскиот народ и државата Македонија!

Откако било осуетено дека Високата Порта во Цариград ќе обзнани автономија на Македонија

како обврска од членот 23 на Берлинскиот договор, Бугарија, Србија и Грција ја започнуваат Првата Балканска Војна во 1912 година против Отоманската Империја за наводно “ослободување“ на Македонија. Демек, нема Отоманската Империја да и’ даде автономија со државност на Македонија, туку тие ќе ја “ослободат“ од отоманското ропство! Откако ја “ослободиле“, веќе наредната 1913 година, Бугарија, Србија и Грција ја започнуваат Втората Балканска Војна меѓу себе, со вистинската намера, којашто завршува со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година: Поделба на Македонија меѓу Бугарија, Србија и Грција, односно окупација врз Македонија и геноцид врз Македонскиот народ кој се’ уште трае до денес…

За жал, Софија носталгијата по Македонија ја лечи со 3 март како бугарски национален празник, во спомен на руската креација Станстефанска Бугарија, со што Бугарија директно атакува врз државноста на Македонија, бидејќи со него Софија прокламира територијални претензии кон државата Македонија…

Во таа намера, Софија долгорочно работи на фалсификување на македонската историја како бугарска, на Македонскиот јазик како дијалект или “литературна норма“ на Бугарскиот јазик, и Македонците како Бугари. Меѓутоа, државите се процес, тие не се манифестации, историјата памети многу народи и држави кои се инкорпорирале односно асимилирале во други народи и држави. Кога имате агресивно мнозинство, малите секогаш прибегнуваат кон етничка мимикрија, народски речено “стануваат поголеми католици од Папата“, поради страв од ликвидација и интернација.

Во Втората светска војна, Бугарија е сојузник на нацистичка Германија и фашистичка Италија, ја окупира Македонија и врши ѕверства врз Македонскиот народ. Илјадници жртви Македонци од времето на бугарската окупација има низ целата територија на Македонија. На 1 март 1941 година, во Виена, Бугарија го потпишува Тројниот пакт. Истиот ден, Јоаким фон Рибентроп, министер за надворешни работи на Третиот рајх, официјално го известува бугарскиот премиер Богдан Филов и Царот Борис III кој владеел авторитарно со Бугарија од 1918 до 1943 година, дека Бугарија ќе добие излез на Егејското Море помеѓу реките Струма и Марица.

На 19 април 1941 година Бугарскиот парламент окупацијата врз Македонија ја прогласува за ослободување и обединување на Бугарија, изразувајќи благодарност до Адолф Хитлер и Бенито Мусолини за правото на анексија на окупира Македонија!

Тројниот пакт или силите на Оската се поим по кој се подразбираат учесниците во Втората светска војна Германија, Италија и Јапонија познати како оската Рим-Берлин-Токио, кои се бореле против силите на Сојузниците Русија, Британија и Соединетите Американски Држави. Бугарија остана со етикетата фашистичка Бугарија, нејзината окупација врз Македонија остана бугарска фашистичка окупација.

Да беа само Македонците можеби се’ ќе “пројдеше“ многу лесно, со тезата која се турка во јавноста, дека окупација врз Македонија извршила фашистичка Германија, но Бугарија била само администратор на територијата… Незаборавно и неизбришливо е, дека за време на бугарската фашистичка окупација во Втората светска војна, исто така, беа депортирани 7.144 Евреи од Македонија во конц-логорот Треблинка во окупирана Полска, од кои никој жив не се врати. Односно, како сојузник на Германија, Бугарија учествувала во холокаустот, предизвикувајќи смрт на 11.343 Евреи од регионот. Иако 48.000 Евреи во Бугарија ја преживеале војната, тие сепак биле предмет на присилна внатрешна депортација, конфискација и дискриминација.

Бугарија ни за тие жртви до ден денес не се извинува, за Македонците пак воопшто ниту помислува, Македонците за Софија не постојат! За окупацијата на фашистичка Италија врз Западниот дел од Македонија, чии “администратори“ албанските балисти колаборационисти на големо во Македонија и денес се слават, им се креваат споменици во местата каде Албанците во мнозинство живеат, во Македонија нема расправа, тоа е табу тема: Иако пред очи на демократска Европа воскреснува наци-фашизмот, таа идеологија станува индоктринација за младите генерации. Зошто мислите постои Дебар маало сред Скопје, од каде дошле и зошто, протераните Македонци таму?

Бугарските окупаторски воени сили, со германска согласност, окупирале делови од кралствата на Грција и Југославија кои бугарскиот иредентизам ги барал врз основа на Санстефанскиот договор од 1878 година. Но, Црвената Армија влегува во Бугарија на 8 септември 1944 година и Бугарија наредниот ден и’ објавува војна на Германија, да го испере гревот од сојузот со фашистичка Германија. Бугарија повторно останува сателит на Советскиот Сојуз на Социјалистичките Републики.

Крајно, на 20 јануари 2022 година го слушаме поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, кој на прашање на новинската агенција БГНЕС, за резултатот од неодамнешната посета на премиерот Кирил Петков на Скопје, вели “Не сакаме со Македонија да ги внесеме Тито и Сталин во Европската Унија!“ Која перверзија и мизерија! Па, продолжува “……. Македонија не ги спроведе потребните реформи за почеток на преговори со Европската Унија. Македонските тајни служби се огранок на српските, а српските се огранок на руските!“ И стигна до “сржта“ на проблемот – Русија! Да беа нормални а не се, ќе беа здрави, ама болни се во умот!

На оваа умноболна реторика на Росен Плевнелиев, се огласи и поранешниот претседател Георги Прванов (2002-2012) за кој приоритетно е “Темата заедничка историја мора да се реши, за најбратски народи да бидеме, а не најнепријателски како што е сега, затоа што само Коридорот 8 не ги решава проблемите меѓу двете земји!“ Прванов ја осуди “недомаќинската“ изјава на Стево Пендаровски.

Дека барањето за впишување на Бугарите во Уставот на Македонија е мешање на Бугарија во внатрешните работи на Македонија!

Колку за потсетување, поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев во неговото последно телевизиско интервју во јануари 2017 година на Државната бугарска телевизија,

рече “Македонија треба да влезе во Европската Унија, но не и македонизмот, бидејќи е антибугарска и антидемократска идеологија!“

Информативно,

Росен Асенов Плевнелиев е роден на 14 мај 1964 година, во градот Гоце Делчев, во Пиринскиот дел на Македонија, Република Бугарија.

По потекло е Македонец.

Неговата фамилија потекнува од селото Плевна во Егејскиот дел на Македонија, затоа и презимето Плевнелиев, денес Петруса во Република Грција.

За време на Балканските војни 1912-1913 година, неговите предци го продале нивниот имот и пребегале во Бугарија.

Средно образование завршил на Природно-математичката гимназија “Академик Сергеј Павлович Корољов“ во Благоевград од 1978 до 1982 година, а од 1984 до 1989 година го завршил Вишиот машинско-електротехнички институт “Владимир Илич Ленин“ во Софија (денес Технички универзитет).

Во периодот 1990-2009 развива успешна кариера во областа на градежното стопанство во Германија и Бугарија. Од 2009 до 2011 е министер за регионален развоj во владата на Бојко Борисов.

Влегува во владата како непартиски експерт, не е член на владејачката партија ГЕРБ. На 30 октомври 2011 е избран за претседател на Бугарија. За мандатот од инаугурацијата на 22 јануари 2012 до 22 јануари 2017 година.

И сега, тие што коленичеа 150 години пред портите на Москва. Да ве обвинуваат дека сте под руско влијание е ментална дијагноза! Ама, не е само до нив, до блудницата Вавилонска е, опеана во македонските народни песни! За жал, и уште една горчлива вистина: Македонци во соседството на Македонија се најголеми антимакедонци но и најголеми фашисти!

Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот!

Пишува: Тодор Петров