Пишува Тодор ПЕТРОВ
“Јас сум Македонец“ за Софија е говор на омраза! “Македонците се Бугари“ за Бугарија е демократија, европска вредност која треба да се почитува! Кај нас велат, ова го има само во Бардовци, веројатно си играле отворено општество па побегнале во Владата и Собранието!
И има ли позабегана власт во светската историја на народите и државите, од марионетската на шарлатанот Заев, кој го промени името на државата, го промени идентитетот на народот.
Се откажа од своите сонародници во светот, ја промени историјата на народот и државата. Во образованието ја воведе историјата на окупаторите како лекција за индоктринација во процесот на создавање нова нација. Ги растури традиционалните вредности на семејството со родител еден и родител два, он како таа и таа како он во образованието, ја забрани употребата на придавката од името на државата. Ги шмигрлаше националниот симбол од јавните површини, ја избриша придавката од името на државата од сите национални институции и државни и јавни претпријатија и установи, државјанството го сведе на граѓанин без национална идентификација… За на крајот да и’ објави војна на Руската Федерација, откако НАТО објави неподготвеност да води војна со Русите… Се разбира, не е се’ до Заев, туку и до неговата дворска камарила и менторите од странство…
Алхемија на дело…
И покрај се’ и после се’, па има апологети за рубриката “верували или не“, кои велат, пет посто беше довербата на народот кога се склучи Охридскиот рамковен договор, ама после 20 години процентот порасна на шеесет, мора да има одговорна власт која во моментот ќе го понесе ризикот и кога народот е против…
Демек и со името на државата и идентитетот на народот истото ќе биде, на референдумот одржан на 30 септември 2018 година не се донесе одлука за членство во ЕУ и НАТО и не се прифати. Спогодбата Димитров-Коѕиас за промена на името на државата и идентитетот на народот, ама марионетската влада на Заев си проигра со народот на се’ или ништо и после дваесет години се’ ќе биде нормално…
А, истите тие мамлази, велеа “Македонија е премногу толерантна спрема своите внатрешни квислинзи, кои отворено работат за грчките интереси, па и не го кријат тоа“…
Затоа, не чекајте работата која можете Вие денес да ја завршите, заради конформизмот кој ќе ве убие, да ја оставате за после или друг ден, некој друг место вас тоа да го стори. Тогаш ќе биде доцна, а комитите со гемиџиите и турците ќе бидат сликовница како индијанците и каубојците, партизаните и германците…
Ќе каже некој, ајде народот што не го поведете. А, повика ли, сто маани ќе ви најдат. Тие кои треба да го поведат народот ја добија довербата на изборите, ќе го мрднат ли г’зот од комоцијата во која седат во советите и Собранието? И додека државата се празни во белиот свет по корка леб и за мир во душата, животот во Македонија се’ повеќе наликува на “ Бате, бате, доста ме бранеше, ме отепаа!“
Не кажувајте што ни прават, кажете што вие правите тоа да не ни го сторат!
Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот!
Пишува Тодор Петров