Која е длабоката политичка „игранка“ што бугарските власти ја играат со идејата за вклучување на Бугарите во Преамбулата на Уставот на Македонија? Навидум бениген чин, но во основа мошне суштински и поразителен потег за нашата држава!
Што би значело евентуалното вклучување на Бугарите во преамбулата на Уставот на МКД?
1. Со овој чин Бугарите би станале конститутивен фактор во Македонија кој се борел за создавање самостојна и суверена држава Македонија, би добиле право да бидат „благодарни на своите предци за своите жртви во борбата за создавање самостојна и суверена МКД“, ќе бидат „еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро-Македонија-во согласност со традицијата на Крушевската Република и АСНОМ“,
2. Ова би значело редефинирање на политичката историја на Балканот и во Европа, промена на улогата на Бугарија во Втората светска војна во контекст на нивните напори да ги претстават своите власти во тоа време како администратори, а не како сојузници на фашистичките сили,
3. Со добивањето конститутивна улога во создавањето на Македонија Бугарите согласно темелната вредност ќе бараат еднаква и правична застапеност во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа.
Сето ова без НИКАКОВ РЕЦИПРОЦИТЕТ за Македонците кои живеат во Бугарија.
Чукнете си ги главите!