СОЈУЗ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ И ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА – МАКЕДОН

СОЈУЗ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ И ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА – МАКЕДОН

НА 4 ЈУЛИ ВО 10 ЧАСОТ ПОМЕН ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ВО ПАРК ЖЕНА БОРЕЦ!

29 јуни 2020 година, Скопје, Македонија – Делегации на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија на 4 јули 2020 година (сабота) со почеток во 10 часот ќе положат свежо цвеќе на Споменикот на децата бегалци – жртви од Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година во Парк Жена Борец спроти Собранието на Македонија.

Споменикот на децата бегалци, како вечен Паметник за геноцидот врз нив, нивниот егзодус и голгота, е откриен на 30 јуни 1988 година, во чест на одржувањето на Првата светска средба на децата бегалци од 30 јуни до 4 јули 1988 година.

Со традиционалното полагањето цвеќе на Споменикот се одбележуваат 71 години од крајот на Граѓанската војна во Грција, во која најголеми жртви беа Македонците и нивните деца.

На полагањето цвеќе на Споменикот на децата бегалци од Граѓанската војна во Грција поканети се сите Македонци партии и здруженија кои милуваат да изразат почит на жртвите од Граѓанската војна во Грција.

Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН ги кани сите на традиционалното полагање цвеќе на Споменикот на децата бегалци.

*Помен и вечен спомен за жртвите од Граѓанската војна во Грција, било да не се повтори…