Соопштение до јавноста од Јане Ченто, Игор Југ и Горан Ангелов во врска со емисиите на порталот Инфомакс

Соопштение

После емисиите на Инфомакс на г-динот Палевски, после емисијата на Алфа за 27ми Април една е вистината.

Ние сме жртви на оваа монтирана постапка и тоа го виде цел народ со свои очи. Ако не беше сигурен досега народот. После овие емисии треба да биде убеден во тоа што го зборуваме ние четврта година од затвор.

Четврта година откако сме во затвор сеуште стоиме на тоа, ние сме жртвени јагниња на политичките елити и нивните пазари. Слушнавме аудио запис и документи кои ги објави г-динот Палевски во кои јасно се гледа и слуша дека ние сме жртви.

Дека прикривани се запсинци. Докази, лажно сведочење на загрозен сведок.

И дека поединци од УБК и дел од политичките елитите. За нивни лукративни цели решаваат да не изгорат нас за да се спасат тие. Да бараат вина во нас кои немаме АПСОЛУТНО НИШТО со тие нивни тајни удбашки структури и планови.

📌 Тоа се слушна од аудио записот на Александар Василевски – Нинџа во делот каде што јасно и чисто вели – „Изгорени се патриотските здруженија“ и дека тоа е организирано од радикални структури поединци на УБК, а на суд кажа и некои партиски функционери, ама на Кацарска и Русковска не им се слушаше во делот за нас.

Тоа што им одговараше го земаа од исказот на Нинџа тоа што не им одговараше го премолчуваа. Се со цел да останеме ние виновни а да се скријат некои други.

Вистината треба да се дознае а не да се крие. Истрагата тоа требаше да го покаже, дали треба и на кои сведоци да им се верува. Дали е тоа поткрепено со материјални докази, кои се материјалните докази итн. А не да не судат невини луѓе за вакво измислено кривично дело.

📌

Ние ја бараме вистината, и таа ќе се дознае еден ден со ново ОЈО и со нормален судија во фер и правична постапка.

А не со судија која после нашата монтирана пресуда беше наградена за Уставен судија.

📌 Нинџа кажал во ОЈО кои структури на УБК го организирале тоа со име и презиме, и дека се ИЗГОРЕНИ ПАТРИОТСКИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА, ама тие не се во затвор туку ние сме одбрани за жртвени јагниња. На Русковска и мастер планерите не им одговарало тоа па си премолчиле, и си рекле – нема да го кажиме тоа што го кажа Нинџа во ОЈО на записник кога се предаде, и да ја тераме истрагата во таа насока, туку ќе ги одбереме тие и тие луѓе да одат курбан за да се затвори овој настан и да не се најдат вистинските виновници и Русковска го крие тој записник од одбраната каде има нејзин потпис и печат.

Тоа е кривично дело обвинителке, ние сеуште не знаеме што има во тој исказ. До ден денешен освен она што го слушнавме од Палчо.

📌 Државен орган како ОЈО треба да одговори. Каде е записникот од Нинџа на кој е потпишана самата Русковска.

И како на еден обвинет кој дава исказ во ОЈО со записник ние го немаме добиено во постапката??

📌 Зошто судот премолче кога Нинџа сред суд ги изваде двата записници каде едниот го држи во едната рака (веројатно овој што го има Палчо, а ние сеуште го немаме и не знаеме што пишува)

а вториот го држи во другата рака каде што се брани со молчење??

📌 Зошто судот премолче на неговите аудио снимки што ги дал во ОЈО. Каде што тврди дека од тие снимки се знае кој се е вмешан во 27ми април алудирајќи на поединци во УБК.

И дека имал закани по живот, тоа треба да го прашате него, а тој да одговори на тоа. После овие нови информации и моменти каде се криеле докази од нас, каде јасно и гласно се посочува кој е организитор на 27ми.

Сликата е појасна, а тоа се поединци од УБК и нивните луѓе таму од тие нивни УПРАВИ или како и да ги викаат.

А не патриотските здруженија кои немаат сол во очи да си фрлат а не пак нешто да организираат.

📌 На Вилма Русковска во контра реплика СРЕДЕ СУДЕЊЕ и кажавме, еден ден ќе одговарате за ова монструозно сценарио, местите невини луѓе да лежат во затвор а други се виновни за тоа што се случи тој ден и тоа ќе го докажеме еден ден кога ќе има нормално обвинителството и судството.

И тогаш и денес ќе ви кажаме на цел народ, секој кој што тој ден беше ВО или ОКОЛУ Собрание беше мета да влезе со нас во затвор на вакво монтирано сценарио, но Русковска и другите виделе дека ќе дадат пример преку нас патриотските здруженија, за да седат мирни луѓето додека им се менува име, Устав, и се потпишува договорот од Нивици, оти ако протестираат ќе ги снајде иста судбина како патриотските здруженија и ќе завршат во затвор.

Правдата е спора обвинителке, ама ќе ве стигне, не ви кажавме џабе и на суд, од такви обвинители како вас Македонија крвари и страда.

И дека чесни и искрени патриоти обвинувате за дело што не го сториле, а вистинските виновници ги криете.

📌 Ние како претставници на МПЗ кои лежиме во затвор не можеме да ги премолчиме овие нови моменти.

Секој има право од обвинетите да каже што мисли бидејќи ние сме таргетрирани во тоа монструозно сценарио како групи, едни од МПЗ. Втори полицајци од МВР, трети пратеници, четврти од иницијативата за заедничка Македонија. А не се познаваме едни со други.

А Вилма пазете. Ни става на товар дека ЗАЕДНО сме го планирале и извршиле кривичното дело кое е НАДВОР ОД ПАМЕТ.

📌 Вилма Русковска и сите што беа дел од ова монструозно сценарио. Еден ден ќе одговараат пред лицето на правдата тоа ви го ветуваме.

📌 БАРАМЕ, овие нови моменти да не бидат премолчи од медиумите, политичките партии, од правните експерти, од судиите, од невладините организации кои се занимаваат во делот на правосудство, од луѓе кои се борат за правда да го дигнат гласот и после 4 години да бараат правда за нас, отворено, а не со пола уста.

Ако се борат за правда ова е таа борба. А не да им слугуваат на оние кои имаат моќ и пари и да има селективна правда.

📌 Ние бараме фер судење, правото на правично и фер судење ни е загарантирано со Устав.

Пресудата на Кацарска е заснована на лаги, монтирано обвинение, лажен исказ, се со цел тие пратеници што гласаа за промена на името да бидат ослободени и да не се најдат вистинските виновници.

Еден ден ќе изгрее сонцето на слободата!

Вистината мора да излези на виделина, ние не сме терористи, туку искрени и чесни патриоти! 🇲🇰

#ПравдаЌеИма🙏

Да живее Република Македонија 🇲🇰

Јане Ченто

Игор Југ

Горан Ангелов

04.02.2021 година

Извор: Слобода за Јане Ченто