Сонцето не е ниту туѓо, ниту грчко, туку светско и семакедонско!

ПОСВЕТЕНО НА БОРЈАНЧО МИЦЕВСКИ И НЕМУ СЛИЧНИТЕ: СОНЦЕТО НЕ Е НИТУ ТУЃО, НИТУ ГРЧКО, ТУКУ СВЕТСКО И СЕМАКЕДОНСКО!

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Може ли некој да го патентира воздухот? Не, затоа што никој над него нема авторско право! Може ли некој да ја патентира водата? Не, затоа што не е нечие ексклузивно право! А, дали може да се патентира сонцето? Не, бидејќи е ничија сопственост! Затоа, да расчистиме: Сонцето не е грчко, ниту над него Атина полага авторско право! Сонцето е светско! Сонцето е семакедонско! Им припаѓа на сите Македонци по род и државјанство, во сите делови на Македонија, во татковината и во светот!

Никогаш не заборавајте: Македонија и македонското културно-историско наследство не се ексклузивно право на Атина! Атина за првпат во својата историја ја окупира Македонија и врз неа прогласи јурисдикација од Балканските војни 1912-1913 година. Грчкиот (германскиот, н.з.) крал Јоргос Први на 31 декември 1912 година издава декрет на грчкиот премиер Венизелос за воспоставување времена управа во окупираните територии на Македонија! И… започнува грчкиот геноцид врз Македонскиот народ: Илјадници и илјадници Македонци прогонети, масакрирани, ѕверски убиени, раселени, насилно асимилирани, села, градови и цркви запалени и опустошени… Некои “станале“ поголеми грци од Грците за да се спасат од ликвидација и интернација, станале жртви на предавството… Тоа е македонската голгота во Егејскиот дел на Македонија! И таа вистина и историја илјада шарлатани како Заев не можат да ја променат, ама предавството како жиг на проклетство во душата ќе го носат до крајот на својата фамилија…

Уште повеќе, ниту во Уставот, ниту во меѓународното право е дозволена цензура! Македонскиот Устав во членот 16 пропишува дека “се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата. Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции за јавно информирање……текст продолжува читај понатаму

ПОСВЕТЕНО НА БОРЈАНЧО МИЦЕВСКИ И НЕМУ СЛИЧНИТЕ: СОНЦЕТО НЕ Е НИТУ ТУЃО, НИТУ ГРЧКО, ТУКУ СВЕТСКО И СЕМАКЕДОНСКО!Пишува…

Gepostet von World Macedonian Congress – Светски Македонски Конгрес am Sonntag, 3. Mai 2020