На сите северни крлежи, од најмало до најголемо, од Бунтур до Заев, бугарската епизода им дојде како невидена шанса да почнат да глумат хуманост, чесност, принципиелност и национална свест.
Се јави и Кица Колбе.
Нејзината најнова теза е:
– почитувањето на националниот идентитет, јазикот и правото на сопствена историја е европски принцип;
– историјата не може да се споделува кога посилниот партнер вели дека таа е само негова;
– посакуваното приближување на Бугарите и Македонците може да се случи само во ЕУ-контекст;
– бугарското вето е контрапродуктивно.
Просто да се расплачеш од милина.
Арно ама, разбран човек мора да знае: кога пијавицата му пушта сок врз кожата, тоа не е зашто сака да го бакне, туку за полесно да то продупи и да ти ја цица крвта.
Затоа, да ги повториме и работите што Кица Колбе не ги кажува во нејзиниот “хуманистички“ памфлет:
1. Со Преспанскиот договор грубо е повреден европскиот принцип за почитување на националниот идентитет и правото на сопствено толкување на историјата.
2. Темелите врз кои е изградена квислиншката творевина Северна се засновани врз антиевропските принципи на Преспанскиот договор.
3. Бугарија не преговара со Македонија, туку со Северна. Од оваа квислиншка творевина Бугарија не бара ништо повеќе и ништо помалку освен – да биде доследна на антиевропските принципи врз кои се темели нејзиното постоење.
4. Кица Колбе е еден од водечките застапници и подржаватели на Преспанското начело за непочитување на националниот идентитет и негирање на правото на сопствена историја.
Не треба многу ум од Аристотел, за да се извлече еден прост заклучок.
Не е можно едновремено да се точни и двете тези. Или Кица Колбе лаже кога вели дека Преспанскиот договор е патот кон Европа пријателство, мир и благосостојба – или пак лаже сега кога вели дека принципите врз кои е поставен Преспанскиот договор се антиевропски.
Може си мисли дека сите што ја читаат имааат меморија колку и нејзиниот гуру од Муртино, и не памтат ни што рекле, ни што слушнале вчера.
Попусто се надеваш, Кица. Ништо нема да ви биде заборавено.
Извор: Коста Николовски