За многу години напомош да ни е празникот Свети Архангел Михаил. Да се помолиме да ја прочитаме молитвата на нашиот Св.Архангел Михаил водачот на небесните војски. Кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица. Така што претставува небесна сила и заштита на земјата.
МОЛИТВА КОН АРХАНГЕЛ МИХАИЛ
Целиот си оган и ревност, свети Архангеле Михаиле, затоа ти се молиме. Нашите заспани души запали ги со огнот на твојата ревност. Та секогаш да му служиме на нашиот заеднички Господ, сесрдно да те подржаваме тебе, безгрешниот и свет. Брат наш и врховен војсководач. На сите небесни и земни војски Христови.
Пречудниот Господ Исус Христос устроил една црква од ангели и луѓе,та и ние луѓето кои таинствено претставуваме херувими на земјата.
Да ги подражаваме нашите небесни браќа на чие чело стоиш ти, лачезарен и боженствен архистратиже Михаиле.
Ти на небото го победи селошиот сатана и го фрли од небото на дното во пеколот – помагај ни и нам секогаш, ти се молиме, сесилен Архангеле – та и ние со сепобедната сила да го победуваме селукавиот сатана, кој нѐ напаѓа од сите страни, и нѐ искушува преку безбожни луѓе, преку нечисти мисли, преку земни наслади и преку опивните страсти.
Сиот си свет, чист и безгрешен, божествен првоангеле Божји
ти се молиме – сесвети, сечисти, – себезгрешни, учи нѐ дење и ноќе како да живееме свето, чисто и безгрижно.
дарувај ни ги твоите херувимски сили за да живееме вистински херувимски на земјата и ние, кои според неизмерливото Божјо човеркољубие, претставуваме херувими на земјата.
Не оставај нѐ во отровната кал на нашите сластољубиви земни желби, туку издигни нѐ во небесните англески височини и оспособи нѐ да живееме ангелски свето и чисто, додека сме во тело на земјата.
Милостиво погледни на нас, сепобедлив архангеле, снисходливо спушти се до нас, разбуди нѐ за борба со злото, со гревот, со ѓаволот, со смртта, за да можеме водени и охрабрувани од тебе, лесно да ги совладуваме: секој грев, секоја страст, секој ѓавол и секоја смрт.
Знаеме, богоносен архангеле, дека имаш власт над нечистите духови, над смртта, над гревовите: исполни ги нашите души со твојата боженствена сила, за да можекме бестрашно да војуваме и херувимски да ги победуваме сите непријатели на нашето спасение, на нашата вера и на нашата душа.
Сепобедлив војводо на небесните сили, ти си го исчистил н небото од сатаната и неговите црни ангели, исчисти ги и нашите души од секој грев. За што гревовите наши ги отвараат вратите и прозорците на нашите души. Преку нив во нас да не влезат нечистите демонски дили, да ги валкаат и умртвуваат нашите души кои треба да се англески чисти и ангелски бесмртни.
Без твојата сепобедлива помош, небесни војсководачу, лесно стануваме плен на нечистите сили. Затоа од сѐ срце ти се молиме: прими нѐ во твојата сепобедлива војска, војувај за нас и пред нас. Води нѐ и предводувај нѐ во секоја борба за нашата душа, за нашето спасение. За нашата вечност, обезбедувајќи ни победа над секој грев и над секој ѓавол.
О, пресвети архангеле, ако ти не ни дојдеш на помош со твојата боженствена сила. Ние сме очајни и немоќни пред демонските сили. Со тебе секогаш ќе победуваме во сите борби на нашата душа, а без тебе паѓаме од пораз во пораз, од грев во грев, од пекол во пекол.
Затоа ти се молиме, биди секогаш со нас, не напуштај нѐ поради нашите гревови, и поради нашата нечистотија. Туку сакајќи нѐ со боженствена љубов. Направи да го замразиме гревот и сите гревовни сласти. Та да ја исполниме нашата душа со слаткиот мирис на ангелските добродетели.
Еве, ги предаваме нашите души на тебе, пресвети ангеле Божји. Ти се молиме и просиме: води нѐ секогаш по патиштата што водат кон Царството Небесно, за да можеме заедно со тебе. Вечно да Го славиме семилостивиот наш Спасител – Преслаткиот Господ Исус Христос, и Неговиот Човекољубив Отец, и Себлагиот Дух Утешител. Кому нека Му е слава и пофалба сега, секогаш и во сите векови.
Амин!