СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС: НАЈОСТРА ОСУДА НА ВАНДАЛИЗМОТ НА ВЛАДАТА И ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

НАЈОСТРА ОСУДА НА ВАНДАЛИЗМОТ НА ВЛАДАТА И ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ВРЗ МАКЕДОНСКОТО КУЛТУРНО-ИСТОРИСКО НАСЛЕДСТВО И БАРАЊЕ ЗА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ!

2 мај 2020 година, Крива Паланка, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро го осудува вандализмот на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, за време на полициски час по чија наредба со брусилица се уништи семакедонското шеснаест-зрачно сонце од плоштадот пред општинската зграда!

1. СМК потсетува дека шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа е семакедонски национален симбол, беше државен симбол на знамето на државата Македонија и претставува нераскинлив дел од културно-историското наследство на Македонија кое никој и никогаш нема да го избрише од колективната меморија и историја на Македонскиот народ во сите делови на Македонија, во светот и во татковината!

2. СМК бара Владата и општините, државната и јавната администрација, да престанат да ги вандализираат објектите во државна сопственост со уништување на семакедонското шеснаесет-зрачно сонце утврден со одлука на првиот повеќепартиски Парламент на државата Македонија!

3. СМК предупредува дека за секој вандализам еден ден ќе се одговара заради понижување на Македонскиот народ и уништување на културно-историското наследство на државата Македонија, а таму каде што било повторно ќе се возобнови!

4. СМК го повикува јавниот обвинител да поведе постапка за кривична одговорност против градоначалникот на Крива Паланка за кривични дела против културното наследство, кривични дела против честа и угледот на Македонскиот народ и кривични дела против човечноста и меѓународното право!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕСНАЈОСТРА ОСУДА НА ВАНДАЛИЗМОТ НА ВЛАДАТА И ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ВРЗ МАКЕДОНСКОТО…

Gepostet von Todor Petrov am Samstag, 2. Mai 2020

Извор Тодор Петров