СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС: МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЦЕЛ СВЕТ И ВО СОСЕДНИТЕ ДРЖАВИ СЕ ГРИЖА НА МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА, МЕЃУТОА И АКТУЕЛНАТА СКАНДАЛОЗНО ПРОДОЛЖУВА ПРОТИВ НИВ КАКО И ТАА НА ЗАЕВ!

18 јануари 2022 година, Скопје, Македонија- Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со огорченост ја отфрла срамната и скандалозна изјава на новиот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, кој за време на вчерашната прес-конференцијата со германската министерка за Европа, Ана Лирман, на новинарското прашање за Македонците во Бугарија изјави дека, не е на “… Македонија да кажува каде какво малцинство има во регионот, туку тоа е внатрешно прашање на државите во регионот, вклучувајќи ја и Бугарија!“

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

потсетува дека, до промената на името на државата и идентитетот на Македонскиот народ со амандманите 33, 34, 35 и 36 донесени на 11 јануари 2019 година заради примена на Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, членот 49 од Уставот на државата Македонија гласеше: “Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на Македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив. Републиката се грижи за културните, економските и социјалните права на граѓаните на Републиката во странство!“

Македонија се грижеше за Македонците во соседните земји и во светот за цело време после Втората светска војна и во времето на бугарскиот претседател Георги Димитров кога Пиринскиот дел на Македонија имаше културна автономија со настава и библиотеки на Македонски јазик, до бугарската понуда за обединување на Пиринскиот дел на Македонија со Република Македонија во 1946 година!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

дека и според актуелниот член 49 од Уставот, Владата на Македонија има должност да се грижи за положбата и унапредувањето на правата на припадниците на Македонскиот народ на целиот Балкан и во светот!

СМК изразува жалење за софискиот врховизам на Владата на СДСМ и ДУИ, во пресрет на посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков, кој во интервју за бугарската телевизија БТВ, на 16 јануари годинава изјави дека “во Бугарија не постојат Македонци и за тоа прашање не може да се разговара!“

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

укажува дека Македонците во соседните земји Албанија, Бугарија, Грција и Србија не исчезнаа со промената на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ заради велепредавството, геноцидот врз Македонскиот народ и злосторството против човештвотото кое Владата на СДСМ и ДУИ го изврши со Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и Договорот Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година кои претставуваат флагрантно кршење на домашното и на меѓународното право!

СМК повторно бара итно и безусловно еднострано раскинување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и Договорот Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, распуштање на македонско-бугарската и македонско-грчката меѓувладина комисија за ревизија на историјата на Македонскиот народ и на државата Македонија и безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации под единственото државно и историско име Македонија!

Велепредавниците кога и да е, ќе одговараат пред судот на историјата, народот и правдата со доживотен затвор и конфискација на личниот имот и имотот на членовите на семејството дома и во светот!

Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот!

Извор: Светски Македонски Конгрес