4 ФЕВРУАРИ ВО 10 ЧАСОТ ВО ЦРКВАТА “СВЕТИ СПАС“ СЕ ОДБЕЛЕЖУВААТ 150 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ВЕЛИКАНОТ НА МАКЕДОНСКОТО РЕВОЛУЦИОНЕРНО ДВИЖЕЊЕ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ!
3 февруари 2022 година, Скопје, Македонија – Македонија на 4 февруари 2022 година, петок, одбележува 150 години од раѓањето на идеологот, организатор, водач и великан на македонското револуционерно и национално-ослободително движење Гоце Делчев!
Светскиот Македонски Конгрес и Матицата на иселениците од Македонија информираат дека и годинава ќе продолжи традицијата, сите кои сакаат да положат цвеќе, тоа можат да го сторат од 10.00 часот.
онзерваторскиот центар Скопје, во чие владение е црквата “Свети Спас“ и дворот со гробот на Гоце Делчев, препорачува делегациите да носат заштитни маски, на оддалеченост од 2 метри меѓу нив, во колона пред влезот во дворот на црквата “Свети Спас“, според редоследот кој прв дојде, прв полага цвеќе, една делегација влегува друга излегува…
Асистенција во редот на полагањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев ќе има од вработените во Конзерваторскиот центар и припадниците на Министерството за внатрешни работи.
Пред полагањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев, во 10.00 часот панихида ќе одржи Неговото Блаженство г.г. Стефан Арехиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва со свештеници од Скопската Православна Епархија.
Очекуваме достоинствено одбележување на годишнината од присутните, како што заслужува великанот Гоце Делчев!
Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот! Амин!