Често ги слушаме бугарските политичари како се фалат дека Бугарија била првата држава која ја признала независноста на Македонија.
Бугарите постојано го нагласуваат тоа, сакајќи да прикажат дека тоа е најголем доказ дека тие се пријатели на Македонија.
Доволно е човек само малку да размисли и ќе му стане јасна подлата бугарска намера со признавањето.Бугарија едвај чекаше Македонија да се тргне од Југославија, знаејќи дека на тој начин многу полесно ќе можат да продолжат со нивната неколкувековна антимакедонска политика, со ширењето на бугарската пропаганда во новата држава, и знаеја дека Македонија ќе биде помал залак за нивната вистинска подла цел.
Од признавањето па до денес постојано гледаме зошто Бугарија прва ја призна Македонија како држава. Антимакедонизмот постојано добива нови облици, а кулминираше после потпишувањето на предавничкиот договор, со кој уште повеќе се зголемија великобугарските апетити за уништување на македонизмот.
Ако беше Бугарија вистински и искрен пријател на Македонија, немаше денес да не уценува, да се заканува, да го негира македонското малцинство во Бугарија, да го негира македонскиот јазик и да бара да се откажеме од македонската историја.
Извор: ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН