СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС: ПОВИК ЗА НЕПОПИШУВАЊЕ, ЗА НЕУСПЕШЕН И НИШТОВЕН ПОПИС!

Барање до Уставниот суд на Македонија за итно поништување на Законот за попис со времена мерка до одлучување.

1 април 2021 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) повторно повикува на масовно непопишување поради неизвесноста од парламентарната процедура за имплементација на договорот меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ од 29 март за одложување на Пописот, кој почнува денес и треба да трае до 21 април 2021 година, затоа што Алијанса на Албанците, Алтернатива и парламентарниот спикер, веројатно и ДУИ се против негово одложување.

Светскиот Македонски Конгрес (СМК)

апелира до граѓаните да го отфрлат попишувањето, без образложение, и да не ги прифатат попишувачите во својот дом или двор, за Пописот да биде прогласен за неуспешен и ништовен!

Светскиот Македонски Конгрес (СМК)

и натаму прифаќа нов попис, но не за време на пандемија и кризна состојба, со нов закон и методологија и со нова Влада, бидејќи во марионетската Влада на Зоран Заев повеќе никој не верува!

Светскиот Македонски Конгрес (СМК)

бара Уставниот суд на Македонија по итност да ја процесуира иницијативата на Светскиот Македонски Конгрес од 8 февруари 2021 година за поништување на десетина одредби од Законот за Попис со што истиот станува неспроведлив, односно до одлучувањето да донесе времена мерка со која се запираат сите дејствија и акти што се превземаат врз основа на Законот за Попис.

Извор: СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС