26 јануари 2022 година, Скопје, Македонија – ОМО Илинден објави документ од 22 ноември 1947 со кој тогашните историски комисии помеѓу Македонија и Бугарија ги уредиле бугарските погледи на македонската историја.
Се работи за документи за исправки на историските читанки во Бугарија по Втората Светска Војна, поточно во 1947 година.
Во документите стои дека промените се со цел да се спречи големо-бугарскиот шовинизам и се однесуваат на различни историски периоди за кои денес “спорат“ македонските и бугарските историчари.
Во еден од документите стои дека Самоиловата држава не е Западно бугарска држава туку типична феудална држава во која доминантно население се македонските словени. Понатаму, стои дека Климент и Наум се сесловенски просветители, а Кнежеството на Пребонд е првиот обид на македонските словени да создадат независна држава, а браќата Миладиновци се македонски просветители!
Денес може дамо да заклучиме дека Бугарија не го почитува договорот од 22 ноември 1947 година.
Клучното е зошто Македонија во моментов преговара за сопствената историја и за работи кои биле дефинирани пред речиси цел век?
Зошто со Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година повторно е формирана Комисија за ревизија на македонската историја која проблематизира веќе претходно договорени отворени прашања?
Зошто Бугарија со новиот национал-шовинистички притисок врз Македонија ревидира веќе договорени разрешени дилеми во 1947 година, дека Македонците биле Бугари, Македонскиот јазик е дијалект на Бугарскиот јазик, а целата историја на Македонија до 1945 година била бугарска?
Ви претставуваме документ од 22.XI.1947 со кој тогашните историски комисии ги решиле проблемите, односно бугарските погледи на македонската историја. Од денешен аспект само може да заклучиме дека Бугарија е таа која не го почитувала овој договор. Чуму се овие денешни комисии ако веќе од следната година може кој стигне да ги порекнува овие договори?
И не е само овој договор, кој не е почитуван од официјалните бугарски власти тие исто така се потписници на договорите:
1. Договор во Блед – со кој Бугарија се залага да ги осигура правата на Македонците во Пиринска Македонија (денес Бугарија) во слободен национален, економски и културен развој и воопшто односите на Бугарија спрема Македонија.
2. Декларацијата на ООН за човековите права
3. Европската рамковна конвенција за национални малцинства
4. Меѓународниот пакт за граѓански и политички права
5. Меѓународниот пакт за економски, културни и социјални права
А одбива да ја потпише Европската повелба за регионални малцински јазици. Од друга страна Македонија е оставена сама на себе под нов шовинистички притисок со кој таа треба да прифати дека Македонците биле Бугари, дека цела историја на Македонија до 1945 била Бугарска историја, а токму тие дилеми биле разрешени во не толку далечната 1947.
Само се потребни хумани и разбрани луѓе да ги почитуваат договорите и меѓународното право, a не насилничко однесување.
Нека овој документ биде пример како во најмала рака може да биде претставена историјата пред 1945, која дефинитивно не е бугарска. Македонија се развиваше како и секоја друга земја со сите процеси што е дел од тоа создавање.
За жал, Бугарија одбива да ја потпише Европската повелба за регионални и малцински јазици.
Извор ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН