НЕМА ПРЕДАВАЊЕ, се додека постои и ЕДЕН МАКЕДОНЕЦ… Ако ЕУ продоложи да молчи и да ги толерира бугарскиот и грчкиот терор….НИЕ НЕ СМЕЕМЕ ДА МОЛЧИМЕ!

Дали сте слушнале или прочитале дека постои некоја владејачка партија во било која земја, на било кој континент, која се откажала од дел од својот народ, и во уставот избришала делови од својот народ, кои живеат поробени во две соседни земји, и во тие земји немаат основни човекови права, при што се подложени на невидена тортура, закани, уцени и асимилација!

За чии интереси се бори таа партија која ги избриша Македонците во Бугарија и Грција од уставот, дали се бори за интересите на земјата со која владее, или се бори за туѓи надворешни интереси???Дали таа партија се бори за интересите на тие две соседни земји или за некои други надворешни сојузи и сили???

Ние знаеме дека мнозинството Македонци се заедно со своите браќа во Пиринско и Егејско, а оваа власт не е репрезент на македонскиот народ, ТИЕ РАБОТАТ ЗА ТУЃИ ИНТЕРЕСИ!

Тие што се на власт во Македонија, ние не можеме да ги наречеме наши браќа и Македонци, тоа е елемент кој се одродил од својот род, кој решил да го уништи се она за кое се бореа и загинаа во 1876 Македонците во Разловечкото и во 1878 Македонците во Македонското (Кресненско) востание, за кое подоцна се бореа и загинаа Гоце, Јане, Даме, Питу, Карев, Гемиџиите, Ченто, Брашнаров, Кузман, бранителите од 2001 и илјадници илјадници други македонски херои!

НЕМА ПРЕДАВАЊЕ, се додека постои и ЕДЕН МАКЕДОНЕЦ, мора да се бориме за добивање на основните човекови права на Македонците во Бугарија и Грција.

Ако ЕУ продоложи да молчи и да ги толерира бугарскиот и грчкиот терор, НИЕ НЕ СМЕЕМЕ ДА МОЛЧИМЕ!

Македонецот е борец, или како што напиша Сандански,

„Робот се бори за слобода а слободниот за совршенство.“

ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН