НА ДЕНЕШЕН ДЕН 30.01 1951 година умрел ПАВЕЛ ШАТЕВ

Павел Шатев роден е во Кратово, 15 јуни 1882 г. – починал во Битола, 30 јануари 1951 г.

„Видот му ослабел од глад и престанал да пишува… Пред очите му прскале гранчиња искри и веќе се откажал да бара и парчиња весници по улиците за да дознае што се случува во светот. Му пленија се`, душата, честа, името, *семејството, но мислите му останаа негибнати. Тие мисли го избавиле од сите мракови“, напиша Иван Чаповски во романот „Отровот на тамарискот“.

Двапати осуден на смрт, преживеал и турски и бугарски затвор, а пострадал од своите Македонци. Човекот кој од млад анархист и солунски атентатор, прерасна во бриселски докторант и прв министер за правосудство на независна Македонија.

„Така, отфрлен од општеството за кое го беше потрошил сето свое битие, згасна животот на големиот револуционер, родољуб и разузнавач Павел Шатев. Погребан е онака како што се стремеа ’гемиџиите‘ да исчезнат од светот“ – 68 години од смртта на Павел Шатев

Бог да го прости…

ПАВЕЛ ШАТЕВ – ЧОВЕКОТ КОЈ СЕ ПОАРЧИ ЗА МАКЕДОНИЈА.

🇲🇰🇲🇰🇲🇰М.В.🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Слика В.Рајчиновски