ДО НЕПОЗНАТОТО ДРУГАРЧЕ ОД „СЕВЕРНА“!
Значи, усул да се немало!
Де, нема разговори за македонскиот идентитет, де македонскиот идентитет и јазикот не се засегнати, па резолуции и декларации…! Но, ова значи, токму обратно, толку многу ја истакнуваат „северниве“ темава, што има нешто гнило во оваа работа…!
Се прашувам, дали северново владеачко пучанство има барем основно поимање на зборот и д е н т и т е т, затоа што читајќи му ги изјавите, се чини дека се работи за намерно замајување на останато, потиснато пучанство. Еве, да помогнам во целава ситуација!
Ние Македонците, под поимот – македонски идентитет (или само идентитет) подразбираме определени својства, особини или карактеристики по кои се издвојуваме и се разликуваме како посебни од другите народи (Грците, Бугарите, Србите, Албанците, Турците)! Накратко, тие карактеристики за нас се: македонскиот именски и колективен идентитет, културниот идентитет (јазик, литература, музика, уметност, фолклор), религиозениот идентитет, етничкиот и национален идентитет, односно, македонската и с т о р и с к а содржина.
Македонскиот историски и народен идентитет е присутен во низата на процеси и случувања во времето (децении и векови) и во просторот (македонски), во низата на идеи и стремежи на поединци и групи, во низата на успеси и неуспеси во борбата м а к е д о н с к а. П.С. Гоце Делчев е олицетворение на македонскиот идентитет и се чествува како Македонец!
Извор Наташа Котлар